Разладете се: Освежителни пијалаци кои се прават за пет минути

Температурите од ден на ден сé повеќе се зголемуваат. Освен што се криеме во ладовина или простории со клима, спас бараме и во ладни и освежителни пијалаци.

razladete-se-osvezhitelni-pijalaci-koi-se-pravat-za-pet-minuti-01.jpg

Следниве предлози ќе ве разладат, а можете да ги подготвите многу брзо и едноставно и тоа дома или на работа.

Ладно фрапе

Одличен избор што инстантно ќе ве расони и ќе ве освежи.  Само со вода, со шеќер и млеко или без, и многу мраз – фрапето е готово за неколку минути.

Вода со вкус

Ако ви здодеа цело време да пиете обична вода со мраз, додајте ѝ некој вкус. Исечкајте некое сезонско овошје или додајте малку рендан ѓумбир, цимет или ливчиња свежо нане. Овие состојки ќе ѝ дадат убав вкус на водата, а помагаат и за детоксикација на организмот.

razladete-se-osvezhitelni-pijalaci-koi-se-pravat-za-pet-minuti-04.jpg

Лимонада

Старата добра лимонада отсекогаш била поим за летно освежување. Варијации има многу – лимонада со лаванда, со вкус на роза или пак со ливчиња нане. Наместо цеден лимон, добра опција е и цеден портокал.

razladete-se-osvezhitelni-pijalaci-koi-se-pravat-za-pet-minuti-03.jpeg

Леден чај

Не мислиме на ледениот чај од продавница бидејќи содржи многу шеќер во својот состав. Сварете си чај (наша препорака е зелен) и оставете го во фрижидер цела ноќ . Следниот ден ќе имате совршен здрав летен пијалак.

razladete-se-osvezhitelni-pijalaci-koi-se-pravat-za-pet-minuti-02.jpeg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg