Здрави коктели за пролетна детоксикација
Мешавината од овошје и зеленчук ќе ви помогне да се ослободите од отровите кои се акумулираат поради неправилна исхрана, стрес и негативни влијанија од животната средина.
Ако сакате да се чувствувате поенергични и полни со сила, овие коктели се идеални за вас.
Најдобрата работа е што се лесни за подготовка и можете да ги припремите дома.
1. Ѓумбир и цвекло
Состојки:
- 1 парче цвекло со средна големина, се лупи и се сече на парчиња
- 200 ml јогурт
- 3-4 cm свежо рендан корен од ѓумбир
Начин на подготовка:
Во блендер се мешаат ѓумбирот и цвеклото додека не се изедначат. Исцедете го сокот и оставете да стои околу 2 часа. Потоа додадете јогурт и повторно измешајте. Најдобро е да се пие ладно.
2. Краставица и лимета
Состојки:
- ½ лимета
- ½ краставица
- 2 стебленца нане
- 0.5 l вода
Начин на подготовка:
Лиметата и краставицата се сечат на тенки кругови. Нането се сече на крупни парчиња, а може да се искористат и само листовите. Додајте ја водата и оставете да отстои 1 час. Конзумирајте го ладно.
3. Калинка и портокал
Состојки:
- ½ портокал
- неколку зрна калинка
- 2 стебленца нане
- 0,5 l вода
Начин на подготовка:
Портокалот се сече на кругови. Нането се сече на покрупни парчиња и се додава водата. Се остава 1 час, а потоа се пие ладно.
4. Зелен микс
Состојки:
- 1 лажица кокосово масло
- 200 ml јогурт
- 1 лажица масло од семе од чиа
- ½ банана
- ½ чаша ситно сечкан спанаќ или зелка
- ½ чаша боровинки
- 200 ml кокосова вода
- мед и цимет по вкус
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки во блендер и коктелот послужете го ладен.
Можете да експериментирате со зелените коктели. Измешајте ги со овошје во сооднос 2:3. Во ваквите коктели може да се додаде вода или свежо цеден овошен сок.
5. Морков и ѓумбир
Состојки:
- 2 моркови
- 1 портокал
- 2 cm свежо рендан корен од ѓумбир
- неколку листови зелена салата
- 1 гранче нане
- 200 ml вода
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки во блендер. Доколку сакате може да го процедите сокот. Додајте вода и добро промешајте ја смесата.
М. С. | Црнобело