Сезоната на топли пијалаци ја прогласуваме за отворена!

Ништо не е повкусно од утринско топло кафе со арома, попладневно топло чоколадо со Нутела и жешко варено вино навечер, кога надвор температурите се блиску до нулата.

sezonata-na-topli-pijalaci-ja-proglasuvame-za-otvorena-001.jpg

Сезоната на топли пијалаци може да ја прогласиме за отворена, токму со овие рецепти.

Ваше е да ги пробате и да го споделите вкусот и уживањето со саканите...

1. Мимоза со брусница и ванила - 1/3 чаша топол сок од брусница, 2/3 пенливо вино и ½ лажичка екстракт од ванила. По желба може да додадете малку топол, растопен мед.

sezonata-na-topli-pijalaci-ja-proglasuvame-za-otvorena-1_copy.jpg


2. Топло бело чоколадо
- 50g чоколадо растопете во малку млеко, па потоа додајте уште речиси полна шолја млеко. Додадете цимет, ванила или ванилин шеќер. Декорирајте со уште малку рендано чоколадо и лажица слатка павлака. Ако сакате густина, секогаш може да додадете 1 рамна лажичка пудинг од ванила.

sezonata-na-topli-pijalaci-ja-proglasuvame-za-otvorena-2_copy.jpg


3. Дупло топло чоколадо
- Загрејте 1 шолја млеко и 1 шолја слатка павлака. Додадете шеќер, малку рендан портокал, додадете 200g рендано чоколадо. Мешајте додека не се растопи. Додадете 1 лажица пудинг од чоколадо. Вратете на оган и промешајте додека се згусне. Послужете со матена слатка павлака и чоколаден прелив.

sezonata-na-topli-pijalaci-ja-proglasuvame-za-otvorena-3_copy.jpg


4. Варено вино на италијански начин (Vin brulé)
- Излупете неколку сезонски овошја по желба (портокали, јаболка, круши, лимони). Ставете ги во тенџере со шеќер, цимет, ванила и зачини по желба. Ставете вода во линија со нив. Откако ќе направите сируп процедете и додадете го во 2/3 чаша загреано вино.

sezonata-na-topli-pijalaci-ja-proglasuvame-za-otvorena-4_copy.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg