5 пијалаци кои ќе ви го подобрат варењето
Речиси секоја вечер по напорниот ден поминат во јадење брза храна имате болки и грчења во стомакот? Без грижа. Постојат неколку природни и освежителни напитоци кои ќе ви помогнат во варењето.
Секако, тоа не значи дека доколку сте љубител на брзата храна, а имате вакви пороблеми, слободно може да се препуштите на вашето уживање.
1. Чај од нане
Нането е билка која има највисока количина на антиоксиданси во себе. Покрај тоа што може да го користите како зачин во вашите оброци, можете да го користите и како билка која ќе ви помогне во неколку нешта.
Пред се оваа пролет може да ви помогне при настинките и алергиите. Во себе содржи материја која се нарекува рузмаринична киселина која дејствува анти-инфламаторно. При настинка ќе ви помогне и со болките во грлото.
Нането претставува смирувачка билка која веќе илјадници години се користи како помош при појава на вознемирен стомак и лошо варење. Добро ги разградува мастите и на тој начин го забрзува варењето. Можете да го користите при било какви абдоменални болки.
Предлог: Од вечер сварете поголема количина на нане и потоа оставете ја во фрижидер. На тој начин можете да го пиете преку текот на целиот ден како леден чај.
2. Фрапе од ананас
Покрај тоа што се конзумира благодарение на неговиот сладок вкус, ананасот има и многу здравствени придобивки. Свежиот ананас во себе содржи ензим познат како бромелаин кој помага при болки во коските и ги намалува инфламациите.
Меѓу другото, овој ензим добро ги разградува и протеините и ќе ви помогне при стомачните болки. Го подобрува вашето варење и ја намалува подуеноста.
Предлог: Ставете го ананасот во блендер, додајте малку ладна вода и ленено семе и инстантно ќе исчезнат стомачните болки благодарение на тоа што добро ги варат маснотиите.
3. Зелен чај
Зелениот чај кој потекнува од Кина и Индија глобално е употребуван со векови благодарение на неговите здравствени придобивки. Самиот пијалак чај е втор на место во светот по водата како пијалак кој се конзумира. Одвоено црниот чај зафаќа 78%, а зелениот чај 20%.
Во минатото традиционално особено во Кина се употребувал за залекување на рани и контрола на крвавењето, подобрување на варењето како и одржување на срцевото и менталното здравје.
Помага и при слабеење, ве снабдува со потребните антиоксиданси и на тој начин го подобрува варењето на масните, трошењето на калориите и севкупно повишување на енергијата.
Предлог: Конзумирајте го топол или ладен пред секој оброк и незасладен.
4. Пијалак со ѓумбир и лимон
Благодарение на трговијата со зачини во Европа, во 16иот век на портите на Венеција донесен е и првиот корен од ѓумбир. Уште од тогаш се користи за секакви стомачни проблеми. Еден англиски физиолог во 1814 година навел дека ѓумбирот го лекува и утринскиот мамурлак. Само неколку лажички во топла вода.
Покрај ѓумбирот истиот период на слава добива и лимонот кој се користел за лекување на скорбут при долгите поморски патувања. Истиот речиси никогаш не се користи сам по себе поради неговиот силен вкус, туку во комбинација со зачини и билки кои ќе го надополнат и ублажат неговиот вкус. Токму во таа служба се користи и ѓумбирот.
Предлог: Во пола литар вода сварете 3 - 4 парчиња ѓумбир. Доволни ви се само 5 минути. Потоа оставете го да се лади и откако ќе дојде на собна температура, додајте сок од пола лимон.
5. Шејк од ананас и ѓумбир
Веројатно веќе ви е сосема јасно кои се здравствените придобивки на овие прекрасни природни состојки. Сега можете да ги употребите и нив заедно. Во блендер ставете шолја сецкан ананас, лажичка свежо изрендан ѓумбир и пола шолја немасен јогурт. Добро измешајте ги, а потоа уживајте во неверојатно освежителниот пијалок кој ќе ви помогне при болки во стомакот и да намалите некој килограм.