Турско кафе на македонски, модерен начин

Сите знаеме дека турското кафе е незаменливо. Со оглед на тој факт, барем едно турско мора да се испие во текот на денот за тој да тече како што треба.

tursko-kafe-na-makedonski-moderen-nacin-1

Доколку турското кафе е и ваш омилен пијалок кој ве расонува наутро, еве како да го приготвите на македонски, модерен начин и да добиете уште послатко задоволство на кое нема да можете да му одолеете.

Сварете го турското кафе како што го варите по обичај, но овој пат откако ќе биде готово земете поголема шолја и ставете две лажици крем за кафе, а потоа ставете го турското во неа.

Откако ќе го направите тоа додајте малку млеко млеко (1 чашка за ракија), варено или ладно, според желба.

Не мешајте, туку оставете кафето само да се соедини со кремот и млекото и наместо онаа темно кафена боја, да добие костенлива боја.

Откако ќе ја добие костенливата боја, додајте цимет на врвот од лажичката и вашето турско кафе на македонски, модерен начин е готово.

Може да го пиете заедно со локумче кое ќе ви го надополни задоволството.

Откако еднаш ќе го испробате, веднаш ќе го засакате.

tursko-kafe-na-makedonski-moderen-nacin-3

На здравје!

Би можело да ве интересира:

Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
По рецепт на нашите баби: Како се подготвува ораховка или ракија со млади ореви? Знаете ли како се прави познатата ракија со млади ореви, позната и како ораховка...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg