3 причини зошто да не го фрлате сокот од киселите краставички
Штом се изедат киселите краставички од теглата, повеќето сметаат дека нивната вода треба да се истури. Грешка!
Сокот од киселите краставички не служи само за да ја одржува киселоста и свежината, туку и за неколку корисни намени.
Пијалак после вежбање
Киселата течност во која се чуваат краставичките е богата со електролити, па може да ја испиете без дополнителни додатоци после напорниот тренинг.
На тој начин ќе го вратите делот на важните материи кои сте ги изгубиле поради потењето. Исто така, оваа течност е одличен извор на калиум кој го спречува воспалувањето на мускулите.
Единствено треба да внимавате да го одвоите од лукот и зачините кои вообичаено се ставаат во теглата.
Замена за оцетот
Сокот од кисели краставички како блага замена за оцетот со кој може да ги зачините разните зелени салати, салатите од компир и тврдо варените јајца.
Течноста може да ја додадете и во јогурт, па да направите прелив за салата или да го искористите за маринирање на месото.
Исто така, со сокот од краставички може да го омекнете кромидот, да ја намалите неговата лутина и да го подготвите како додаток на мешаните салати од зеленчук.
Необичен коктел
Киселиот сок може да ви послужи и за правење необичен коктел. Може да го додадете во мартини, наместо маслиновиот сок или маслинките кои се додаваат или во чаша виски, што е еден од најпопуларните трендови.
На крај, не заборавајте дека сокот од кисели краставички е и одличен лек против мамурлакот!