Летни пијалаци за вкусна детоксикација

Една од најважните работи во текот на летниот период е пиењето на голема количина на течности.

12-letni-pijalaci-za-vkusna-detoksikacija-01.jpg

За да го задоволиме количеството на течности во организмот, не можеме цело време да посегнуваме по водата, која бргу ни станува „здодевна”, а преработените сокови се преполни со шеќери и конзерванси.

Затоа е најдобро жедта да ја гаснете со освежителни пијалаци кои самите ќе ги подготвите, а со нивното редовно пиење полесно ќе ги отстраните вишокот килограми.

Начинот на подготовка кај сите е ист: во голем бокал ставете вода и неколку коцки мраз. Откога ќе го додадете овошјето, поклопете го бокалот и оставете го во фрижидер во текот на целата ноќ како би добиле поинтензивен вкус.

1. Јагоди и лимон

  • 6 до 8 јагоди
  • 1 лимон исечкан на кругови
  • 1 рака босилек

12-letni-pijalaci-za-vkusna-detoksikacija-02.jpg


2. Диња, лимон и краставици

  • 1/2 диња, исечкана на ситни парчиња
  • 1 лимон исечкан на кругови
  • 1 помала краставица, исечкана на кругови
  • 1 рака свежо нане

12-letni-pijalaci-za-vkusna-detoksikacija-03.jpg


3. Малина, киви и праска

  • 2 исечкани праски
  • 3 исечкани киви
  • 1/2 чаша малини
  • 1 излупен портокал

12-letni-pijalaci-za-vkusna-detoksikacija-04.jpg


4. Лубеница и нане

  • 2 чаши лубеница, исечкани на коцки
  • 1 рака свежо нане

12-letni-pijalaci-za-vkusna-detoksikacija-05.jpg


5. Боровинка и лаванда

  • 1/2 чаша боровинки
  • Неколку цветови лаванда

12-letni-pijalaci-za-vkusna-detoksikacija-06.jpg


6. Манго, лимета и нане

  • 1 манго исечкано на ситни парчиња
  • 1 лимета исечкана на кругови
  • 1 рака свежо нане

12-letni-pijalaci-za-vkusna-detoksikacija-07.jpg


7. Цитрусни овошја и коријандер

  • 1/2 грејпфрут
  • 1 лимон исечкан на кругови
  • 1 портокал исечкан на кругови
  • Неколку ливчиња коријандер

12-letni-pijalaci-za-vkusna-detoksikacija-08.jpg


8. Портокал и краставица

  • 2 портокали исечкани на кругови
  • 1 лимон исечкан на кругови
  • 1/2 краставица исечкана на кругови
  • 1 рака свежо нане

12-letni-pijalaci-za-vkusna-detoksikacija-09.jpg


9. Грејпфрут и рузмарин

  • 1/2 грејпфрут
  • Неколку гранчиња рузмарин

12-letni-pijalaci-za-vkusna-detoksikacija-10.jpg


10. Боровинка и портокал

  • 1 рака боровинки
  • 2 портокали исечкани на кругови

12-letni-pijalaci-za-vkusna-detoksikacija-11.jpg


11. Јагоди, лимета и краставица

  • 1 чаша јагоди
  • 1 краставица исечкана на кругови
  • 2 лимети исечкани на кругови
  • 1/2 рака свежо нане

12-letni-pijalaci-za-vkusna-detoksikacija-12.jpg


12. Киви и лимета

  • 2 киви исечкани на кругови
  • 1 лимета исечкана на кругови
  • 1/2 краставица, исечкана на кругови
  • Неколку ливчиња свежо нане

12-letni-pijalaci-za-vkusna-detoksikacija-13.jpg

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот) Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg