Предлог коктели со пиво за жешките денови
Знаеме дека пивото си е пиво и не би сакале да го мешате со ништо друго, но од време на време дајте му шанса да ве изненади.
Black and Tan
За оние кои се секогаш скептични, најдобро е да започнат со оваа мешавина. Во овој коктел има само 2 вида на пиво - темно и светло. Ако некогаш патувате во Ирска, најдобро е тука да го пробате, а ако не можете да го подготвите и на летната тераса.
Состојки: 250ml светло пиво, 250ml темно пиво
Подоготвка: Наполнете ја чашата до половина со светло пиво, а потоа полека дополнете ја со темно пиво кое ќе го истурате со лажица за течностите да не се измешаат.
Погледнете како да го изведете трикот со лажичката:
Weissen Sour
Коктелот со силно жолта боја содржи светло пиво и бурбон со уште неколку додатоци кои ќе го збогатат вкусот.
Состојки: 60ml Бурбон, 20ml свеж сок од лимон, 8ml сладок сируп, 1 лажичка мармалад од портокал, 60ml светло пиво
Подготовка: Сите состојки измешајте ги со мраз во шејкер. Послужете во чаша за виски полна со мраз и украсете со спирала од лимон.
Michelada
Добро е познато дека Мексиканците сакаат да додаваат зачини, но дали знаевте дека сакаат и зачинето пиво?
Состојки: 3,5dl светло пиво, 30ml сок од лимон, 2 лажички сос за скара, 1 лажичка сос од соја, 1 лажичка табаско сос, свеж мелен бибер
Подготовка: Во голема кригла ставете го лимоновиот сок, сосовите, биберот и мраз, па на крај додајте го пивото. Да не се зачудите, ова е солен и помалку лут коктел.
Beer`s Knees
Коктел кој не побарува голем број на состојки, нема претерано сладок вкус и го сакаат и мажи и жени. Одличен е за разладување во жешките денови со пријателите.
Состојки: 45ml џин, 30ml свеж лимонов сок, 30ml сируп од мед (мед и вода во размер 1:1), 90ml светло пиво
Подготовка: Џинот, сокот од лимон и сирупот од мед заедно со мразот протресете ги во шејкер, а потоа во мешавината истурете го пивото. Украсете со парчиња лимон.
Black Velvet
Последниот и наједноставен коктел со пиво можеби најмногу ќе ви го привлече вниманието ако сте љубител на црното пиво. Измислен е во 1861 година и од тогаш е еден од најпопуларните.
Состојки: 100ml темно пиво, 50ml шампањ
Подоготвка: Наточете го пивото, а потоа внимателно додавајте го шампањот во средината од чашата. Можете да декорирате со овошје по желба и да уживате.
На здравје!