Пијалак кој ги убива сите непријатни мириси
Заедно со порастот на температурата расте и количината пот која се лачи во текот на денот, а често предизвикува непријатен мирис.
Ако некогаш ви се случи да заборавите да ставите дезедоранс и набрзина да излезете од дома, не паничете.
Постои брзо и ефикасно решение за овој проблем. Не значи дека не треба воопшто да користите дезедоранс, но може да ви го намали непријатниот мирис на телото.
Без разлика дали мака мачите со претераното потење во летните денови или имате проблем со лошиот здив, размислете за она што го јадете.
Познато е дека храната која ја внесуваме во организмот многу влијае на телесните мириси, затоа треба да водите сметка за исхраната.
Ако и тоа не ви помогне, тогаш рецептот за пијалакот против непријатни мириси е одлично решение:
Состојки:
- 2 јаболка
- 4-5 листови свежа салата
- 1 свежо исечкан магдонос
- 1 исцеден лимон
- 1 парче ѓумбир
Подготовка:
Состојките добро се измиваат и се соединуваат при мелењето во блендер. Сето тоа се става во шише и се пие секое утро на празен стомак.