8 трикови за совршен летен шејк
Не постои ништо повкусно и поосвежувачки од студен шејк за појадок или по напорниот летен тренинг.
Но, понекогаш сте во брзање и лесно може да го погрешите рецептот. Затоа, вреди да ги запаметите овие 8 трикови со чија помош секој летен шејк ќе биде беспрекорно вкусен.
1. Чувајте го готовиот шејк во замрзнувач – Ако постојано брзате и немате време за утринска подготовка, измешајте ги сите состојки ден претходно и чувајте го шејкот во пластична чаша во замрзнувач.
2. Додајте мраз – Пробајте да замрзнете кафе во модлите за мраз и додајте ги коцките наредниот пат кога ќе правите утрински шејк. Ова е одличен трик ако заборавите за купите млеко или сок, па наместо тоа можете да искористите замрзнати овошни или млечни коцки.
3. Замрзнете ги бананите – Ако имате премногу банани или пак сте излупите повеќе од потребното, сочувајте ги во замрзнувач. Кога ќе ви се пие нешто освежително само ставете ги во блендер, додајте путер од кикирики и малку млеко.
4. Внесете зелени плодови – Ако не сте љубител на вкусот на брокулата или спанаќот, секогаш постои можност да го внесете во организмот заедно со јаболка и мед. Вкусот ќе се прекрие, а здравствените благодети секако ќе ги искористите.
5. Додајте протеини – Ако сакате да направите микс кој ќе ви помогне да ги одморите мускулите од напорниот тренинг, додајте протеински прав. Не го менува вкусот, а го подобрува дејството на овошниот шејк.
6. Шејкот може да биде и без млеко – За оние кои се нетолерантни на млечните производи, им се препорачува авокадо или смеса за правење инстант пудинг. Така ќе добијат кремастра структура без млеко.
7. Додајте житарки – За здрав почеток на денот додадете овес. Се препорачува најпрво добро да го сомелете во блендерот, па да го додадете овошјето.
8. Започнете на послаба брзина – Не го форсирајте сечкањето на состојките. Така најлесно ќе го достигнете вкусот кој го посакувате и ќе ги избегнете грутките.