Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 освежувачки, пролетни сокови

Кога овие сокови ќе ги направите сами само тогаш сте свесни и знаете дека пиете овошен и здрав пијалок, за разлика од купечките сокови.

4-osvezuvacki-proletni-sokovi-01

Во овие топли денови најмногу ни е потребно нешто за да ја изгаснеме жедта, па затоа подгответе го соковникот, набавете овошје и погледнете ги рецептите кои ги подготвивме за вашето здравје.

Направете сами полна чаша овошје:

1. Зелен сок

Потребно ви е:

  • 1 чаша спанаќ
  • 1 чаша кељ
  • Половина банана
  • 1 рака лешници
  • 3 до 5 бразилски ореви
  • 1 лажичка цимет
  • 1 до 2 лажички какао
  • Половина шолја полумасно кокосово млеко

Сите овие намирници ставете ги во соковник и измешајте ја смесата. Откога смесата ќе се изедначи сипајте во чаша и уживајте во незаменливиот вкус на здравиот пијалок.

4-osvezuvacki-proletni-sokovi-02


2. Сок од морков и манго

Потребно ви е:

  • 1 манго со средна големина, излупен и исечкан на коцки
  • Пола чаша исечкан морков
  • Пола лажичка цимет
  • Пола чаша кокосова вода
  • Четвртина чаша вода

Подготовката е иста, сите намирници истурете ги во соковникот и мешајте додека не се изедначат. Добивате утрински пијалок за енергичен ден.

4-osvezuvacki-proletni-sokovi-03


3. Сок од чоколадо, цвекло и јагода

Потребно ви е:

  • Пола чаша излупено и исчекано цвекло
  • 1 банана
  • 1 чаша јагоди
  • Пола чаша кокосова вода
  • Четвртина чаша вода
  • 1 лажица незасладено како во прав

Измешајте ги сите состојки во соковникот и ќе добиете одличен десерт за попладневен одмор.

4-osvezuvacki-proletni-sokovi-04


4. Сок од малина и бадем

Потребно ви е:

  • Пола чаша бадемово млеко
  • 1 чаша ниско маслена павлака
  • Пола банана
  • Пола чаша свежи или замрзнати малинки
  • 1 лажичка мед

Измешајте ги сите состојки во соковникот и уживајте во незаменлвиот вкус на здрав и освежителен пијалок од кој никогаш нема да ви биде доста.

4-osvezuvacki-proletni-sokovi-05

Би можело да ве интересира:

3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење) Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчк...
Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот) Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...
Здрав пијалак за летно освежување – ладен црн чај со сок од сливи и млеко Доколку сакате рецепти кои немаат голема количина шеќер (или воопшто не содржат)...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg