Три опасни методи за слабеење кои можат сериозно да му наштетат на вашето здравје
Желбата за слабеење понекогаш е толку голема, што луѓето се подготвени да го ризикуваат сопственото здравје.
На интернет ќе пронајдете бројни трикови и диети, кои не се нужно здрави и, патем, не гарантираат губење на тежината.
Ова се три опасни методи за слабеење кои можат сериозно да му наштетат на вашето здравје:
1. Диуретици
Диуретиците се дефинираат како лекови кои промовираат производство на урина. Тие не помагаат при губењето масти, туку го поттикнуваат исфрлањето на водата од организмот.
Кога ќе почне наглото губење течности, телото намерно ја задржува водата по неколку дена. Поради ова, луѓето земаат повеќе таблети за да се ослободат од новото задржување на водата.
При земањето на овие лекови, постои висок ризик од дехидратација, што може да биде опасно. Диуретиците предизвикуваат губење на електролити кои се потребни за нормално функционирање на срцето, бубрезите и црниот дроб.
2. Лаксативи
Лаксативите ги празнат цревата, а имаат мал ефект врз вистинското слабеење. Зошто? Храната и калориите што се трошат веќе се апсорбирани во тенкото црево. Исто како кај диуретиците, единствената разлика е губењето вода.
Притоа, лаксативите можат да предизвикаат трајно оштетување на цревата.
3. Таблети за слабеење
„Магичните“ таблети станаа голема индустрија и се најпопуларен метод за слабеење. Истите можат да го сузбијат гладот, а можат да бидат на база на кофеин или како додатоци.
Таблетите го стимулираат нервниот систем, а некои од несаканите ефекти се: висок крвен притисок, хиперактивност, замор, вртоглавица, срцева аритмија, сува уста, заматен вид, пецкање во рацете и нозете и инфекција.
Бидете многу внимателни кога го бирате методот на слабеење и на прво место ставете го здравјето и добро проверувајте што консумирате.
Ашера | Црнобело