5 начини како да останете фит и по годишниот одмор

Секоја жена сонува да изгледа убаво на плажа во костимот за капење, но по завршувањето на летото како да забораваме на сите здрави навики кои сме ги практикувале претходните месеци...

5-nacini-kako-da-ostanete-fit-i-po-godishniot-odmor-01.jpg

Повторно се враќаме во канцеларијата и се враќаме и на лошите навики заради кои се дебелееме...

5 докажани начини како да ја задржите мотивација и да ја зачувате летната линија долго по заминувањето на летото:

1. Направете вежбањето да ви биде забавно

Ова е правило број еден за сите вежби. Ако не уживате во вежбањето, наскоро и ќе се откажете од него. Најдобро е да си најдете забавен партнер кој ќе ве мотивира да продолжите понатаму и по заминувањето на летото.

2. Движете се секојдневно

Коа ќе се вратите на работа, не значи дека треба само да седите на стол. Искористете го топлото време кое сè уште го имаме и пешачете.

3. Одберете активни викенди

Викендите наместо да ги користите за седење пред телевизорот, направете ги малку поактивни. Одберете рекреација барем во еден дел од денот.

4. Одбирајте сезонски производи

Кажете не на висококалоричната, брза и преработена храна. Уживајте во плодовите на природата кои ги имаме во овој период.

5. Чувајте ја линијата со помош на природни активатори на метаболизмот

Додадете во исхраната производи кои ќе го забрзаат метаболизмот и со кои ќе согорувате маснотии како лути пиперки, ѓумбир и цимет.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg