8 декорации и детали во уредувањето на домот што треба да ги избегнувате
Евтините декоративни перници нема да ви траат долго, а ќебињата од лажно крзно само ќе собираат прашина. Кои други декоративни елементи е најдобро да ги избегнувате, според дизајнерка на ентериер?
Декоративните елементи во домот обично се ситници, но имаат големо влијание врз целокупниот изглед на просторијата.
Ова се детали кои можат значително да го подобрат изгледот на домот, но и да имаат спротивен ефект од посакуваниот ако не сте внимателни.
За Insider, дизајнерката на ентериер Кели Кругер споделува кои детали и декорации е најдобро да ги избегнувате:
Евтини декоративни перници
Ако сакате да ви траат подолго од неколку месеци, дајте повеќе пари за декоративните перници.
Истовремено, избегнувајте модели чии навлаки не се вадат – перењето ќе биде многу потешко и перниците ќе „излитат“ многу побрзо.
Гарнитура од „лажна“ кожа
Лажната кожа не е издржлива и наскоро откако ќе ја купите гарнитурата, ќе почнете да забележувате пукнатини на неа ако е поевтина.
Кели вели дека иако има гарнитури од поиздржлива лажна кожа, не се воопшто удобни за седење.
Ако сепак сакате кожени детали, но не сакате природна кожа, многу подобро е да ставите само некои ситници од овој материјал, како табуретка.
Платнени корпи за организирање
Иако можат да изгледаат одлично, овие корпи се валкаат многу лесно.
А, за разлика од пластичните, дрвените и слично, ќе мора да ги перете, што значи бојата брзо ќе им избледе.
Столчиња со тркалца
Ако купувате канцелариски стол за домот, избегнувајте ги оние со тркалца од очигледни причини – го оштетуваат подот.