8 декорации и детали во уредувањето на домот што треба да ги избегнувате
Лустери што не ги кријат сијалиците
Овие лустери можат да изгледаат многу добро, но не ја придушуваат светлината.
Па, може да биде заморно да престојувате во просторија со ваков лустер подолг период.
Тематски декорации
Освен ако немате куќа на плажа, куќа на фарма или слично, избегнувајте ги тематските декорации.
Според Кели, декорациите инспирирани од одредена тема, како плажа, секогаш изгледаат кич.
Ќебиња и прекривки од лажно крзно
Овие ќебиња и прекривки додаваат интересна текстура во просторијата, но Кели истакнува дека обично се од синтетички материјали кои не се воопшто пријатни.
Покрај тоа, на нив многу лесно се собираат прашина и влакна (особено ако имате миленици), па ќе ви отворат многу работа.
Полици со геометриски форми
Според Кели, овие полици станаа синоним за модерен и минималистички дизајн, но повеќето луѓе ги користат за пополнување на кој било празен простор на ѕидот.
Поради ова, пак, просторијата може да делува хаотично, особено кога на полиците ќе се наредат украси.
Спирова С. | Црнобело