9 детали со кои ќе го направите домот поелегантен и полуксузен, без да трошите многу пари
Купете бела постелнина за спалната соба, а вештачкото цвеќе заменето со свеж букет – не треба да трошите многу пари за да го направите домот поелегантен.
Ако сакате вашиот дом да изгледа елегантно и луксузно, нема потреба да потрошите цело богатство за тоа.
Доволно е да обрнете внимание на само неколку детали кои иако се мали, прават голема разлика.
Како да го направите домот поелегантен?
Заменете ги шарените теписи со еднобојни
Ако сакате поелегантен изглед на дневната соба, тогаш секогаш давајте им предност на еднобојните теписи или теписите со суптилен, блед дизајн.
Тргнете ги прекривачите од гарнитурата
Гарнитурата ќе изгледа многу поелегантно ако го тргнете прекривачот кој виси од сите страни.
Украсете со висечки растенија
Висечките растенија изгледаат многу поелегантно од обичните саксии.
Покрај тоа, тие се одличен избор ако имате миленици.
Офарбајте ги вратите
Избегнувајте ја белата боја за вратите и освежете ги со пожива нијанса.
Ако впечатливите бои не се вклопуваат во ентериерот, исто елегантно ќе изгледаат и пастелните нијанси.