10 детали што треба да ги има во сечиј дом, според дизајнерка на ентериер
Уникатна столна ламба како акцент на просторијата
Светлината од столните ламби ја прави просторијата многу поудобна.
Уште подобро ако одберете некој уникатен модел кој ќе биде како акцент во собата.
Квалитетната постелнина е потценета
Поминуваме третина од животот во спиење, што значи вреди да вложиме во квалитетен кревет, но и квалитетна постелнина.
Покрај тоа што изгледа добро, квалитетната постелнина е и многу поудобна.
Керамички вазни со необичен дезен
Уникатните керамички вазни можат да го освежат просторот, дури и ако ги изложите празни.
Кутии и корпи за складирање
Секогаш можете да бидете креативни ако ви недостасува простор за складирање.
На пример, наместо на полиците да ви стојат куп расфрлани работи, распоредете ги во убави кутии или корпи.
Убави и практични кујнски апарати и садови
Не мора да ги криете сите кујнски апарати, садови и слично ако немате простор за тоа.
Единствено обрнувајте внимание на нивниот изглед кога ги купувате и многу лесно ќе ги вметнете во ентериерот како декорации.
Секако, важно е сите овие апарати и елементи да бидат и практични.
Спирова С. | Црнобело