10 популарни трендови за уредување кои дизајнерите сметаат дека се застарени и непрактични
Терацо
Иако терацо дезенот изгледа навистина добро, дизајнерите сметаат дека се претерува и со него и луѓето не знаат да го комбинираат.
Овој дезен не изгледа добро ако се комбинира со живи бои, а ако и подот и ѕидот се со терацо дезен, просторијата ќе изгледа натрупано.
Мебел со контрастна боја
Дизајнерите велат дека овој тренд е хит повеќе од една деценија, но дека не секогаш изгледа добро.
Според нив, собата може да изгледа „детинесто“ ако во неа доминираат пастелни нијанси, а вие додадете парче мебел со жива боја.
Уникатни лустери со многу детали
Овие лустери непотребно го одвлекуваат вниманието од просторијата, а покрај тоа е речиси невозможно да ги исчистите.
Сив ентериер
Изминативе неколку години сивата боја стана хит, но дизајнерите сметаат дека е многу монотона.
Ако во собата доминира сивата боја, таа ќе изгледа депресивно.
Ако сакате понеутрални бои, тие советуваат да вметнете и детали со беж боја.
Мали плочки
Малите плочки можат да изгледаат добро, но покрај тоа што веќе изгледаат застарено, чистењето е особено тешко поради многуте вдлабнатини.
Спирова С. | Црнобело