10 популарни трендови за уредување кои дизајнерите сметаат дека се застарени и непрактични
Просторијата ќе изгледа депресивно ако доминира сивата боја, а клупата во трпезаријата можеби изгледа добро, но не е воопшто практична.
Трендовите за уредување се менуваат доста често, па она што било хит пред година-две, сега најверојатно изгледа застарено.
Покрај тоа, многу трендови само изгледаат добро, но во реалноста не се воопшто практични, па најдобро е да ги избегнете.
За Insider, неколку дизајнери на ентериер споделуваат кои трендови се застарени и непрактични:
Отворени полици во кујната
Ако имате отворени полици, ќе треба да внимателно да ги наредите сите предмети на нив.
Покрај тоа, ќе треба да трошите многу време во средување – ако полиците не се добро организирани, кујната ќе изгледа расфрлано.
Мијалник како длабок сад
Овие мијалници се потешки за чистење, а бидејќи се подлабоки, можат да бидат тешки за користење за деца и пониски лица.
Винтиџ мебел
Нема ништо лошо во винтиџ елементите, но дизајнерите сметаат дека се претерува.
Односно, сосема во ред е да имате едно винтиџ парче, но ако ја уредите целата соба со таков мебел, сигурно ќе изгледа застарено.
Клупа во трпезаријата
Клупата може да изгледа навистина добро, но во реалноста не е најпрактична и не е удобна како стол.
Дезени со палми и други тропски растенија
Изминативе неколку години, дезените со палми се насекаде, но дизајнерите сметаат дека веќе застаруваат и се користат премногу.