11 хотелски трикови кои може да ги употребите за поубав и поудобен дом
Една од поубавите работи за време на патувањата е секако престојот во хотел. Креветите се секогаш прекрасно наместени со многу перничиња, а во тоалетот се кријат симпатични, мали пакувања на сапуни и шампони.
Додека уживате во хотелскиот престој и удобностите што ги нуди истиот, дел од овие трикови може да ги преселите и во својот дом.
Погледнете ги следните 11 хотелски, дизајнерски трикови кои одлично може да ги вклопите дома, со цел да го направите домашниот простор место за одмор и уживање:
Украси од различни материјали
Една од клучните работи која ги прави хотелите навистина пријатни е мешавината од различни текстури. Мора да постојат најмалку 3 текстури: мазна, природна и кадифена.
Добро осмислен изглед на креветот
Според зборовите на познатата дизајнерка на ентериер на Rocco Forte Hotels, Олга Полизи, на креветот би требало да има 4 перници и тие треба да бидат изработени од различни материјали и со различно полнење, како на пример со силикон, пердуви и хипоалергенски перничиња.
Покривачот за креветот би требало да го поставите така што ќе го покрива целиот душек и ќе паѓа до работ на рамката на креветот, а горниот раб покрај перничињата треба да биде подвиткан.
Неколку видови на огледала
Колку е поголемо огледалото, толку поголема ќе изгледа собата. Но, модерните хотели ги користат огледалата како украс и ги поставуваат многу внимателно. Доколку огледалото го поставите веднаш спроти прозорецот или над парче мебел со само една свеќа која ќе биде запалена пред него, тоа ќе ви помогне максимално да го искористите светлото во просторијата.
Луксузни извори на светлина
Необичните лустери и интересното осветлување не само што ќе бидат во собата поради практична намена туку ќе претставуваат и вистински украс во просторијата.
Бела постелнина
Со цел вашата спална да добие изглед на луксузна хотелска соба купете си комплет постелнина во снежно бела боја. Хотелските соби вообичаено имаат постелнини изработени од сатен или високо квалитетен памук. Но, ткаенината секако не е најбитна, важно е да бидат чисти, мирисни и совршено испеглани.
Појадок во кревет
Доколку на момент сакате да се почувствувате дека навистина престојувате во хотел, набавете си специјален послужавник за појадок во кревет. Секако ќе ви биде корисен од многу аспекти.