11 хотелски трикови кои може да ги употребите за поубав и поудобен дом
Пуфкаст мал тепих
Малиот мек тепих поставен веднаш покрај креветот ќе ви пружи особено пријатно чувство откако ќе станете рано наутро и ќе ги ставите стапалата врз него. Можете да купите неколку помали и да ги поставите на сите 3 страни покрај креветот. Колку помеки, толку подобро.
Квалитетна бањарка
Квалитетните бањарки се едни од најпознатите симболи на добрите хотели. Гостите понекогаш дури и појадуваат во нив. Затоа опремете се со квалитетна, мека бањарка за уживање во домот.
Завеси од таванот до подот
Завесите во хотелските соби најчесто ги покриваат целосно прозорците со цел да не пропуштат светлина. Дебелите вантрешни завеси се совршени за оваа намена, па поставете такви во домот и добро наспијте се наутро.
Пријатен мирис за добра атмосфера
Речиси секој добар хотел се одликува со специфичен мирис кој го користи во спалните соби. Пријатниот мирис е особено важен за атмосферата во домот, па одберете еден соодветен на вашиот вкус.
Замотани крпи во ролни
За постигнување на хотелски амбиент во домот, едноставно замотајте ги крпите и пешкирите во ролни. Тоа секако може да го направите со малите крпи за лице и раце во тоалетот, но и со поголемите кои ќе ги поставите на полиците во бањата.
(О)Милена | Црнобело