Во домот на Тодор и Кристина: Современо уреден стан од 88м2 во подножјето на Водно (фото)
Маслинесто зелената боја е доминантна во кујната која постепено се претопува во трпезаријата и дневната соба во комбинација со земјените бои.
Индустрискиот стил може да се забележи и во ходникот каде што е поставена безвременската „barn door” врата на лизгање.
Двата тоалета ја задржуваат чистата естетика каде што главен акцент е даден на функционалноста.
Спалната соба е со сопствена тераса и тоалет каде крем бојата доминира и со тоа дава смиреност во просторот. Втората соба е моментално домашна канцеларија која со мали измени во иднина ќе се трансформира во детска соба.
Изведбата на елементите во станот е на Aс-лес дизајн.“
Повеќе фотки од изведбата и крајниот резултат:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело / Фотограф: Борис Јурумовски