5 работи на кои местото не им е во спалната соба
Некои луѓе ја користат спалната соба само за спиење, додека други решаваат дека спалната ќе биде централно место за повеќе активности – јадење, работа, тренинг...
Сепак, има повеќе работи кои ви наштетуваат доколку се наоѓаат во спалната соба, па затоа слободно можеме да кажеме дека местото не им е таму.
Освен ако навистина не постои друго место во домот каде што може да ги сместите, тогаш овие работи не треба никогаш да се најдат во спалната:
1. Чевлите
Главната причина зошто не треба да ги чувате чевлите во спалната е очигледна – хигиена. Избегнувајте да шетате со чевли по истиот под каде шетате боси, па бактериите и нечистотиите може да си ги пренесете во кревет.
2. Справите за вежбање
Уште една нехигиенска навика, која исто така навечер може да ве држи будни, мислејќи од кога немате направено здрав тренинг.
3. Работното биро
Неопходно е местото за релаксација и одмор да го одвоите од местото за работа. Никогаш не го ставајте работното биро во спалната соба, освен ако навистина просторот не ви дозволува поинаку.
4. Греалката
Сите загревачки тела ви го сушат воздухот ако преку ноќ ги оставите вклучени. Тоа може да биде опасно по здравјето од повеќе причини – зголемено испуштање на јаглерод моноксид, отежнато дишење, кашлица, сува кожа... Стоплете ја собата однапред и исклучете го грејното тело кога ќе легнете.
5. Грицките
Знаеме дека навечер сите грицки се повкусни, но јадењето во кревет сериозно може да ви го наштети здравјето, како и линијата, а покрај тоа, сигурно не сакате да спиете со остатоци од чипс во постела...
М. Д. | Црнобело