8 совети како да ја разладите терасата - од завеси до билки
Кафето или пивото испиено на тераса може да е едно од најубавите опуштања во рамките на домот и летото. Но, како да се осигурате дека високите температури нема да ви го попречат уживањето?
Ова се неколку едноставни совети и идеи кои можеби не ви текнале, а ќе го направат балконот или терасата попријатно место за седење:
1. Спречете ги директните сончеви зраци со лесни завеси од лелеав материјал. Покријте го делот каде најмногу го пече сонцето.
2. Дрвената преграда е уште еден начин да ги спречите сончевите зраци директно да пробиваат, без да го сопрете циркулирањето на воздухот.
3. Наредете што повеќе билки можете. Ако сте во можност, посадете и неколку цвеќиња со големи, зелени листови.
4. Местото за седење нека биде позиционирано во ќоше, веднаш до внатрешниот ѕид. Надворешниот дел, односно преградата од терасата, секогаш обложете ја со зеленило.
5. Оградата од бамбус е одлично решение, бидејќи држи ладовина.
6. Ако терасата е постојано изложена на сонце, избегнувајте метален мебел кој ќе ја впива топлината. Држете се до природните дрва и лесни материјали.
7. Секогаш добра идеја е вентилаторот кој прска мала количина на вода.
8. Сламените „завеси“ кои се спуштаат и креваат по потреба се евтин начин да добиете добра сенка.
М. Д. | Црнобело