Едноставни додатоци со кои ќе го освежите и промените домот за еден ден

Ако сакате да го освежите домот, нема потреба да реновирате или да почнувате проекти што ќе ви одземат цела недела, па и подолго.

ednostavni-proekti-za-osvezhuvanje-na-domot-shto-kje-gi-zavrshite-za-eden-den-01.jpg

Истовремено, освежувањето на домот и не мора да биде голем трошок.

Со следниве едноставни „проекти“, односно мини додатоци ќе освежите домот за само еден ден:

Украсна свеќа или сет свеќички

Купете 2-3 украсни свеќи или цел сет помали свеќи и ставете ги во домот.

ednostavni-proekti-za-osvezhuvanje-na-domot-shto-kje-gi-zavrshite-za-eden-den-02.jpg

Перници

Украсните перници ќе ја направат дневната најстилската просторија во домот.

ednostavni-proekti-za-osvezhuvanje-na-domot-shto-kje-gi-zavrshite-za-eden-den-03.jpg

Нова постелнина

За да ја освежите спалната, купете нова постелнина. Нема подобро чувство како кога ќе си легнете помеѓу нови и чисти чаршафи.

ednostavni-proekti-za-osvezhuvanje-na-domot-shto-kje-gi-zavrshite-za-eden-den-04.jpg

Завеси

Завесите можат да го променат целиот изглед на просторијата. Само внимавајте – ако се работи за мал простор, најдобро одберете светла завеса.

ednostavni-proekti-za-osvezhuvanje-na-domot-shto-kje-gi-zavrshite-za-eden-den-05.jpg

Уметничко дело или фотографии

Украсете го ѕидот со некое уметничко дело, или направете галерија со вашите најдраги фотографии.

ednostavni-proekti-za-osvezhuvanje-na-domot-shto-kje-gi-zavrshite-za-eden-den-06.jpg

Украсно цвеќе

Цвеќето е најлесниот начин да внесе свежина во домот. Ако сакате ново хоби, можете да почнете со одгледување цвеќиња. Ако ова сепак не е за вас, и вештачкото цвеќе ќе ви заврши работа.

ednostavni-proekti-za-osvezhuvanje-na-domot-shto-kje-gi-zavrshite-za-eden-den-07.jpg

Нови крпи и растение во бањата

Во бањата сосем доволно е да ставите нови крпи. Вложете во квалитетни крпи и осигурете се дека ќе одговараат со боите во бањата. Мини растенијата исто така создаваат целосно нов изглед.

ednostavni-proekti-za-osvezhuvanje-na-domot-shto-kje-gi-zavrshite-za-eden-den-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg