Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Новогодишни фенг шуи совети со кои 2020-та ќе ви започне посреќно

Дрвената рамка го поврзува семејството со пријателите, украсите во висина на очите ја отстрануваат тагата, а свеќите во спална соба обезбедуваат љубов во новата година – како да го уредите домот според фенг шуи експертите за среќна 2020-та?

novogodishni-feng-shui-soveti-so-koi-2020-ta-kje-vi-zapochne-posrekjno-1.jpg

Оние кои веруваат во фенг шуи филозофијата, нема да чекаат долго пред да направат некои ситни преместувања и украсувања во домот за следната година да им биде посреќна.

Во продолжение погледнете неколку новогодишни фенг шуи совети кои ќе внесат позитивна енергија и ќе привлечат среќа во вашиот дом:

Дрвена рамка

Дрвото ги поврзува семејствата и пријателите, па во домот ставете слики од семејството и најблиските пријатели врамени во дрвени рамки. Кога ќе ви доаѓаат овие гости дома, ќе почувствуваат топло добредојде и уште повеќе ќе се зближите.

novogodishni-feng-shui-soveti-so-koi-2020-ta-kje-vi-zapochne-posrekjno-02.jpg

Елка

Иако веројатно на сите досега ви се накитени елките, проверете дали е добра поставеноста. Според фенг шуи, елката не треба да биде во близина на влезната врата, за „среќата да не излезе“.

novogodishni-feng-shui-soveti-so-koi-2020-ta-kje-vi-zapochne-posrekjno-03.jpg

Божиќна ѕвезда

Ова е омиленото цвеќе на многумина кое внесува посебна енергија во домот, а притоа е одлична декорација. Се смета дека ова цвеќе поставено во дневната соба има моќ да ослободува од негативна енергија во домот, бес, стрес и напнатост. Ако е поставено во трпезарија, наводно носи пари и среќа во домот за празниците.

novogodishni-feng-shui-soveti-so-koi-2020-ta-kje-vi-zapochne-posrekjno-04.jpg

Декорирање на спална соба

Ако сакате да ја декорирате спалната соба по фенг шуи правила за енергија во љубовта и сексот ставете две убави црвени или розови свеќи на масичката покрај креветот. Не палете многу свеќи истовремено.

novogodishni-feng-shui-soveti-so-koi-2020-ta-kje-vi-zapochne-posrekjno-05.jpg

Зелена боја за чистење негативна енергија

Според фенг шуи, зелената боја е боја на исцелување. Оваа боја ублажува стрес и создава мирно опкружување, така што прави баланс помеѓу оганот и топлата енергија заради вишокот на црвена боја за време на празниците. Украсете го домот и со други зимзелени гранчиња покрај елката, а поставете и неколку декорирани гранчиња или венец да висат над влезната врата.

novogodishni-feng-shui-soveti-so-koi-2020-ta-kje-vi-zapochne-posrekjno-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 совети од експерт како да изберете најсоодветни материјали за уредувањето на домот Ќебиња, завеси, постелнина, перничиња - што сè ви е потребно и како да го направ...
Дел од најубавите новогодишно украсени домови на Македонци, на прагот од 2025-та (фото) Oд броење на последните месеци при очекувањето на приновата покрај елка до семеј...
8 совети како максимално да го искористите просторот во мал дом Секое место за седење нека има и простор за складирање и не заборавајте да го ис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg