9 работи од кои треба да се ослободите во 2019-та ако сакате стилски уреден дом
Доколку се вселувате во нов дом, а сакате да ги следите трендовите, веројатно потребни ви се идеи и инспирација.
Оние кои го гледаат домот како стилски уредено катче, а не само како простор за живеење, сакаат да ги следат трендовите во уредувањето кои секоја година се менуваат.
Секако, тоа не значи дека треба целиот дом да го уредите според трендовите, но доволно е да вметнете неколку модерни елементи со кои просторот ќе добие стилска нота, а во случајов, и да се ослободите од оние кои веќе не се во мода.
Па, ако го уредувате вашиот нов дом или во пролетниот период планирате реновирање, овој мини водич ќе ви биде од корист, за да знаете кои работи е време да ги замените.
Работи од кои треба да се ослободите ако сакате стилски уреден дом во 2019-та:
Елементи со индустриски стил
Претеран акцент на дрвени елементи
Бакарни елементи
Целосно бели бањи
Метални рачки
Плочки во форма на цигли
Вертикални ролетни и венецијанери
Terrazzo стил плочки
Уметност со зборови
М. М. | Црнобело