5 ситници кои му носат (не)среќа на вашиот дом
Што треба да имате во домот за позитивна енергија:
Свежо цвеќе
Доколку поставите свежо цвеќе на видливо место во вашиот дом, среќата нема да ве заобиколи.
Обоена врата
Доколку „гледаат“ кон јужната страна, обојте ги вратите во црвена или портокалова боја.
Вратата што е насочена кон север треба да биде сина или црна, а пак оние на запад е најдобро да се во бела боја. Вратите кои „гледаат“ кон исток ќе ви донесат среќа, доколку се кафеави или зелени.
Распоред на мебелот
Се верува дека кружно наредениот мебел помага во протокот на енергијата во домот.
Исто така, се смета дека креветот кој е наместен дијагонално од вратата во спалната соба ќе го исполни домот со многу позитивна енергија.
Потковици
Многу култури веруваат дека коњските потковици што висат над вратата носат среќа.
Ако е свртена надолу, среќата ќе го допре секој кој поминува низ таа врата каде што виси потковицата.
„Ловец“ на соништа
Доколку закачите еден во спалната соба, се верува дека „ловецот“ на соништа ги штити станарите од грдите и лоши соништа.
(О)Милена | Црнобело