Дизајнерски идеи кои ќе го претворат секој дом во удобно катче за живот
Понекогаш е навистина тешко да се натерате да направите промени во домот во кој долго живеете и на кој сте навикнати.
Но, со тек на време, добро е да се направи нешто минимално со што ќе му дадете свежина и топлина на просторот во кој живеете.
За да го постигнете тоа, не мора целосно да го реновирате домот, доволно е само да додадете или одземете некои мали работи.
Неколку дизајнерски идеи кои ќе ви помогнат да го претворите домот во удобно катче за живот:
1. Ако цвеќето е поголемо, ставете го во празно ќоше со неискористен простор, за да ја освежи атмосферата.
2. Книгите користете ги како декорација и неколку најдобри оставете на маса или полица врз која ќе паѓа светлина од столна ламба.
3. Сликите може да ги закачите и асиметрично за да го разиграте просторот кој инаку изгледа здодевно.
4. Не се плашете да користите проѕирни предмети и мебел, а ако не сакате да експериментирате, прво почнете со мали работи како вазна, па потоа може да преминете на поголеми предмети.
5. Искористете ја омилената боја за да го декорирате просторот со повеќе детали во таа боја, наместо да биде еднолично.
6. Наредете ги книгите во боите на виножитото според боите на кориците.
7. Купете перници во светли бои и не се плашете да искомбинирате неколку бои во просторот.
8. Користете ги сијаличките за декорација во текот на цела година, посебно доколку ентериерот ви е со дрвен шмек.
9. Наместо да го криете велосипедот и да зафаќа простор на тераса или на друго место, направете добар и цврст држач на ѕидот и чувајте го како кул декорација.
М. М. | Црнобело