Хит трендови во пролетното уредување на домот за 2018 година на кои треба да обрнете внимание
Сите сакаме среден, убав и модерен дом во кој ќе уживаме. Реновирањето понекогаш бара премногу време и пари, но ова не е секогаш општо правило.
За среќа, осумте трендови кои доминираат во пролетното уредување на домот оваа година не се премногу скапи за да не можете да си ги дозволите.
Со само малку труд и многу желба и имагинација може да го трансформирате домот како од насловна страница на списание со помош на:
Плетени рачни изработки, реси и додатоци
Време е вештите изработки од нечии (или вашите) прсти да блеснат на виделина. Во мода се рачни изработки од конец, реси, па дури и некое интересно заборавено милје од времето на бабите.
Бои како овошен сладолед
Нежно, пастелно, ненападно. Замислете овошен сладолед во сите бои и употребете неколку на големи ѕидни површини. Мебелот во пастелна палета секако не претставува исклучок.
Геометриски дезени и форми
За сите обожаватели на ред и симетрија достапен е геометрискиот дезен во облик на тапети или пак можеби како декоративен принт на чинии или чаши.
Многу зеленило
Нека вашиот дневен престој изгледа како мала џунгла со многу зеленило. Освен тоа што е прилично декоративно, природното зеленило е и одмор за очите и душата.
Индиго сино
Сепак, не сите уживаат во нежна пастелна палета на тонови, а за оние кои сакаат јасно изразени и постудени нијанси тука е индиго-сината, почнувајќи од различни додатоци за домот, како покривачи, перничиња и украси, до декоративни или свежи цветови.
Омбре изглед
Да, нијансирањето е сè уште прилично актуелно, особено во бојадисувањето на домот. Одберете една од омилените бои и внимавајте да има суптилна градација помеѓу различните тонови од основната боја.
Металик златно
Ама баш златно. Не розово злато, ниту пак онаа боја на старо злато. Вистински златната метална нијанса се враќа во полн сјај оваа сезона. Не е злато сè што сјае, но ова навистина ќе направи домот да ви заблеска.
Минимални акцентирања во силни свежи бои
Доволно е само да го бојадисате носечкиот столб во домот, некоја греда кој ѕирка или да додадете поголем украс како вазна или мал теписон во некоја силна, свежа боја со која дополнително ќе го акцентирате просторот.
(О)Милена | Црнобело