14 идеи како да избегнете непрактичен ентериер во домот

Честопати кога гледаме нови идеи кои се модерни во моментот чувствуваме ентузијазам и возбуда за нивното имплементирање во домот. Но, подоцна сфаќаме дека тие идеи не секогаш се практични или прикладни за нашите домови.

14-primeri-kako-da-izbegnete-neprakticen-enterier-vo-domot-01.jpg

Фактот дека нешто долго сме посакувале да го имаме дома може да се покаже небитно на крајот, бидејќи тој детел е комплетно некомпатибилен за распоредот во домот.

Погледнете неколку такви примери со цел да ја избегнете замката на непрактичност во домот:

Сите соби уредени во различен стил

Кога реновирате не смеете да заборавите дека вашиот дом е сепак една целина. Затоа, собите треба да имаат нешто заедничко меѓу себе. Во спротивно, доколку сите соби се целосно различни може да се чувствувате неудобно или да почне да ве нервира сопствениот дом.

14-primeri-kako-da-izbegnete-neprakticen-enterier-vo-domot (2).jpg

Мебел за деца

Мебелот за деца можеби изгледа слатко и убаво, но многу брзо ќе ви се досади вам, а и на вашето дете. Најчесто овие соби ги прават родителите коишто сонувале да имаат таква соба како мали.

Вкусот на децата многу брзо се менува, па затоа е подобро да изберете нешто практично, за да не мора да го менувате целиот мебел кога на детето ќе му досади истиот.

14-primeri-kako-da-izbegnete-neprakticen-enterier-vo-domot (14).jpg

Стаклени масички

Овие масички навистина му даваат леснотија и светлина на просторот, но тие нема да го направат вашиот дом пооригинален, а дополнително можат да бидат и опасни и непрактични, бидејќи на нив се познаваат отпечатоци од прсти.

Доколку сакате да ја осветлите собата, закачете огледало на ѕидот и додадете метални орнаменти со висок сјај, а масата одберете ја да биде од друг материјал, како на пример дрво.

14-primeri-kako-da-izbegnete-neprakticen-enterier-vo-domot (13).jpg

Принтови на ѕидовите, подовите или плафонот

Можеби сакате подови кои имитираат вода или плафони како Систинската капела или пак ѕидови со пејзаж, но треба да запамтите дека овие лепенки го прават ентериерот да изгледа поевтино и да привлекува непотребно внимание.

Наместо тоа подобро е да одберете стандардни бои и да го декорирате просторот со интересен мебел.

14-primeri-kako-da-izbegnete-neprakticen-enterier-vo-domot (12).jpg

Постојано следење на трендовите

Доколку постојано ги следите сите модни трендови, тоа може да биде многу скапо за вас, а дополнително и многу фрустрирачко, бидејќи модата се менува многу брзо.

Затоа е подобро да го одберете она што ви се допаѓа и истовремено се совпаѓа со она што го имате дома.

14-primeri-kako-da-izbegnete-neprakticen-enterier-vo-domot_11.jpg

Неонско осветлување

Пред неколку години многу беше популарно да имате лебдечки кревет, лебдечки плафон и така натаму.

Но, собите со овој вид на осветлување, особено доколку истата има силни бои, може само да ве потсетува на солариум или ноќен клуб. Доколку сакате да создадете атмосфера, подобро е да обесите завеси, тие ќе создадат чувство на пријатност.

14-primeri-kako-da-izbegnete-neprakticen-enterier-vo-domot (10).jpg

Минимална употреба на бои

Немојте да одбирате само две од вашите омилени бои и целиот ентериер да го правите таков. Подобро е да одберете неутрални бои и да ги прошарате со детали од вашите омилени нијанси.

14-primeri-kako-da-izbegnete-neprakticen-enterier-vo-domot (9).jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg