Време е за чистка: Како да ја поделите и наредите облеката за секогаш да имате што да облечете?

Професионалците советуваат гардероберот да се растура на почетокот на секоја сезона, а причините се и повеќе од јасни.

5-soveti-za-rasturanje-na-garderoberot-za-sekoe-parche-da-bide-pravilno-rasporedeno-01.jpg

Прво, заради тоа што чистењето внесува нова енергија. Второ, ќе ослободите место во плакарот со тоа што ќе ги отстраните работите кои веќе не ги носите.

Трето, со преуредувањето, ќе откриете нови комбинации со веќе познати парчиња.

И за крај, ќе добиете претстава за работите кои навистина ви се потребни за да ги купите.

5 совети кои ќе ви помогнат ефективно да го изанализирате гардероберот за секое парче да добие своја улога и цел:

Извадете ги сите работи од плакарот

Прво мора целосно да ги испразните полиците, закачалките и фиоките, без ништо да оставите внатре. Цела облека треба внимателно да биде послана на креветот додека вие го пребришувате цел плакар и ја чистите прашината која се собирала.

5-soveti-za-rasturanje-na-garderoberot-za-sekoe-parche-da-bide-pravilno-rasporedeno-002.jpg

Подредете ги работите според сезона

Закачете ги работите кои не ги носите во тековната сезона. Работите кои зафаќаат повеќе место и чевлите кои не се прикладни за сезоната, соберете ги во една кутија и тргнете ги во просторија каде што чувате работи кои не ги користите редовно. Претходно, не заборавајте да ги исперете.

Оние работи кои може да се носат во повеќе сезони, чувајте ги на достапно место.

5-soveti-za-rasturanje-na-garderoberot-za-sekoe-parche-da-bide-pravilno-rasporedeno-03_resize.jpg

Поделба во 4 групи

Работите кои се прикладни за тековната сезона, поделете ги во 4 групи:

  • Работи кои остануваат во гардеробер
  • Работи кои треба да се соберат – односно да се однесат на хемиско чистење, на кројач за да се закрпат или да се додаде некое паднато копче итн.
  • Работи кои треба да се дадат/продадат
  • Работи за кои не сте сигурни што да правите со нив

Пробувајте ги сите работи

Пред огледало пробајте ги буквално сите работи кои планирате да ги оставите во плакар, како и оние за кои се сомневате и така одлучете што ќе правите со оние за кои не сте сигурни што да правите.

И најважно е да бидете реални со себе и да се запрашате дали навистина тоа ви е потребно и дали има како и кога да го носите.

Работите кои ќе ги оставите внимателно закачете ги на закачалки, а фармерките и плетените џемпери кои може да се растегнат, подобро е да ги здиплите и ставите на полици.

5-soveti-za-rasturanje-na-garderoberot-za-sekoe-parche-da-bide-pravilno-rasporedeno04_resize.jpg

Направете список со работи за купување

Познатите стилисти во еден глас може да кажат дека добриот шопинг започнува дома. Со анализата на гардероберот и облеката ќе искалкулирате што точно ви е потребно и што нема со што да искомбинирате.

Направете листа на работите кои ви фалат и држете се до неа кога ќе одите да купувате. Ова ќе ви помогне да избегнете расеано пазарење и трошење без потреба, посебно во периоди на попусти и распродажба.

5-soveti-za-rasturanje-na-garderoberot-za-sekoe-parche-da-bide-pravilno-rasporedeno-05_resize.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Парче мебел што го има насекаде: Заоблени фотелји и табуретки како крзно на бело мече Фотелји со табуретки за во дневна соба, но и детски фотелји и столчиња за во ход...
4 трендови за уредување на двор што се хит сезонава (и 3 кои се демоде) Наместо пластични вазни за цвеќиња, изберете керамички со рустикален изглед, а г...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Ситници во домот кои откриваат дека не е реновиран со години (како да сме кај баба и дедо на гости) Дали мебелот ви е во еден стил и боја, завесите ви се кратки до висина на прозор...
Како да го трансформирате малиот ходник во пролетна оаза? Свежо цвеќе и детали во весели бои – не ви требаат многу труд и пари за да го тр...
Претворете ја кујната во омилено место од домот: Фенг шуи совети за правилно уредување Проверете ја чешмата. Доколку водата не тече непречено или протекува, експертите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg