Празници се ближат: 10 прекрасни идеи за зимска идила во спалната соба
За помалку од месец дена ни пристигнува зимата, па зошто уште од сега да не си набавите сѐ што ви е потребно за создавање пријатен и топол амбиент во домот?
Доколку го преферирате традиционалниот стил, веруваме дека ќе се одлучите за класичните црвени и бели тонови, кои потсетуваат на Божиќ и костимот на Дедо Мраз.
Меѓутоа, тоа не значи дека за зимско уредување не може да одберете и нетипични нијанси, поради кои вашиот ентериер ќе изгледа луксузно и гламурозно.
За трансформација на просторот за одмор во мало катче за уживање, не ви се потребни многу пари. Фокусирајте се на деталите што се впечатливи за окото, а кои ќе ја претворат и обичната спална соба во вашата најомилена зимска локација.
Споделуваме со вас десет прекрасни идеи за зимска идила во спалната соба:
1. Набавете си проектор и уживајте во гледањето божиќни филмови на ѕидот.
2. Tемната зелена боја потсетува на луксуз, пари и новогодишно дрвце – може ли подобро?
3. Карираниот дезен и aмбиентот на планиска колиба ќе ве воодушеви вас и саканата личност.
4. Дамите што живеат сами, оваа зима може да се почестат со бушави или крзнени прекривки и перничиња.
5. Црните материјали и металик декорациите се фантастичен избор за софистицирано уредување.
6. Веселите црвени и бели детали ќе ве орасположат уште од вратата.
7. Комбинацијата на сива и бела, пак, асоцира на снег и мрзливи зимски дни, полни со одмор и задоволства.
8. Потребно ви е само едно нешто? Смее ли да го предложиме популарното плетено ќебе?
9. Купете си неколку фигури на шумски животни и мали вештачки елки.
10. Доколку не сте љубители на претерувањата, ископирајте го едноставниот спортско-елегантен стил со сини и бели тонови.
Во која соба би поминувале најмногу време претстојната зима? Нека таа биде вашата тема и инспирација.
М. А. | Црнобело