Како паметно да го уредите домот за да не чистите секој ден?
Секако дека сите сакаме домот да ни биде убаво уреден и се трудиме ентериерот да биде колку што е можно помодерен.
Сепак, друга многу важна работа е и одржувањето, кое понекогаш може да биде многу тешко доколку направите некои грешки во уредувањето.
Воопшто не е нешто невозможно да успеете да го одржите домот во ред, само треба да ги следите овие неколку правила.
Дознајте кои се тајните:
Рамни површини
Површините во ентериерот треба да бидат во едно ниво и колку што е можно помазни, без нерамнини. Во спротивно, на местата каде ќе се спојуваат деловите ќе се собира многу прашина. Ова посебно важи за подот и ѕидовите.
Боја
За визуелно чист изглед ќе ви помогне бојата. Идеален избор за под се неутралните нијанси на светло сива боја. Оваа боја е слична на бојата на прашината, па затоа не создава голем контраст како црните и сјајни површини.
Не чувајте работи кои собираат прашина
Украсите и сувенирите се најголем привлекувач на прашина, а се проблематични за чистење, посебно ако ги имате во голем број едно до друго. Затоа сите украси што не ви се потребни приберете ги во кутии или шкафчиња и оставете ги надвор само најдрагите.
Неуспешно светло на плафонот
Скриените светла на плафонот се во последно време многу популарни, но знаат и да создадат многу проблеми за чистење. Во празнината се собира многу прашина која чистењето го прави ужасно.
Практичен тапацир
Во борбата со чистењето, најдобар „пријател“ ви е кожната гарнитура. Доволно е само да ја избришете површината со крпа или марамчиња, за разлика од другите материјали кои бараат повеќе чистење па дури и перење.