Како паметно да го уредите домот за да не чистите секој ден?
Непотребен празен простор
Плакарите и кујнските елементи не само што треба да бидат доближени до ѕидот, туку треба да се прилепени и до плафонот за да не остануваат празнини каде ќе се собира прашина која нема да можете да ја чистите често бидејќи не се дофаќа лесно.
Мазни површини на кујнски елементи
Тие се најлесни за чистење, а најдобро е да практикувате светли нијанси, бидејќи на нив помалку се познаваат отисоци од прсти за разлика од темните елементи.
Тепихот е непотребен
Теписите се големи собирачи на прашина и нечистотии, па затоа во модерното уредување многу често воопшто нема тепих, туку убав под со подно греење.
Минимализам
Секогаш бирајте минималистичко уредување, комбинирајте мазни површини, едноставни светли бои и не трупајте секакви детали и украси – тоа е тајната на уредување со која домот секогаш ќе ви изгледа чисто и ќе ви биде полесно за оджување.
М. М. | Црнобело