10 начини да создадете хотелски амбиент во домот

Најдобрата работа од престојувањето во хотел е тоа што не мора цело време да чистите зад себе.

chuvstvuvajte-se-kako-vo-hotel-10-nachini-da-sozdadete-hotelski-ambient-vo-domot-01.jpg

Постои ли нешто поубаво од тоа да се вратите од прошетка и да ја најдете вашата соба целосно средена и подготвена за да уживате во неа?

Има многу убави работи на кои се воодушевуваме во хотелите – од услугата, до прекрасно уредените соби во кои сакаме да живееме.

Иако услугата останува реална само за во хотелите, сепак постои можност барем со некои мали ситници да направите се чувствувате како да живеете во хотел.

Само треба добро да ги изберете декорациите и ќе му додадете на просторот хотелски елементи и амбиент.

Декорирајте со локално инспирирана уметност

Декорациите во хотелите обично се инспирирани од историјата или културата на градовите во кои тие се сместени, па можете да го искористите и вие тоа како инспирација за уметност или детали кои ќе ги најдете во вашиот град.

chuvstvuvajte-se-kako-vo-hotel-10-nachini-da-sozdadete-hotelski-ambient-vo-domot-02.jpg

Слоеви од различни материјали

Мека постела, кадифен килим, тапациран потпирач и тенки завеси, создаваат удобност во хотелската соба. Сигурно сакате да го имате тоа и во вашата спална.

chuvstvuvajte-se-kako-vo-hotel-10-nachini-da-sozdadete-hotelski-ambient-vo-domot-03.jpg

Направете простор за масичка/биро

Луксузните хотелски соби секогаш имаат мало масиче со столче пред огледало за различни употреби. Искористете некое интересно масиче за вашите потреби и дајте и несекојдневен изглед на собата.

chuvstvuvajte-se-kako-vo-hotel-10-nachini-da-sozdadete-hotelski-ambient-vo-domot-04.jpg

Додадете луксузни детали во купатилото

Луксузните хотелии гарантираат купатила кои наликуваат на СПА, за целосно уживање. Мермерни детали, бела када и чист и елегантен изглед ќе ви го дадат истиот впечаток и во домот. Ако тоа не е доволно, закачете бели големи и меки пешкири.

chuvstvuvajte-se-kako-vo-hotel-10-nachini-da-sozdadete-hotelski-ambient-vo-domot-05.jpg

Декорациите нека бидат едноставни и согласни

Просторот во кој сакате да се релаксирате треба да биде едноставен и смирувачки за очите. Тоа значи да нема многу бои и натрупани работи. Усогласете ги добро боите на предметите со ѕидовите.

chuvstvuvajte-se-kako-vo-hotel-10-nachini-da-sozdadete-hotelski-ambient-vo-domot-06_copy.jpg

Мека бела постелнина

Нема ништо поубаво од целосно мека и бела постелнина – од чаршафи до перници. За дополнителна удобност додадете уште еден ред перници.

chuvstvuvajte-se-kako-vo-hotel-10-nachini-da-sozdadete-hotelski-ambient-vo-domot-07.jpg

Вметнете простор за седење

Лобито во хотелите секогаш има добро организиран простор за седење. Ако имате голема дневна соба, додадете уште едно мало просторче што ќе го уредите со мала масичка и фотелји.

chuvstvuvajte-se-kako-vo-hotel-10-nachini-da-sozdadete-hotelski-ambient-vo-domot-08.jpg

Осветлување за посебен амбиент

Хотелите секогаш имаат одлично осветлување и создаваат амбиент пријатен за очи. Создадете го истиот амбиент во вашиот дом со добро одбрани сијалици и лустери на повеќе места.

chuvstvuvajte-se-kako-vo-hotel-10-nachini-da-sozdadete-hotelski-ambient-vo-domot-09_copy.jpg

Декорирајте со свежи цвеќиња

Ставете ги насекаде! Во ходникот, во спалната соба, па дури и во купатилото – никогаш не може да ви биде доста од свежи цвеќиња.

chuvstvuvajte-se-kako-vo-hotel-10-nachini-da-sozdadete-hotelski-ambient-vo-domot-10_copy.jpg

Создадете голем и впечатлив ходник

Хотелите секогаш имаат големи ходници каде се пречекуваат гостите. Можеби немате огромен дом со висок плафон и дупли врати на влезот, но сепак можете да ставите стилски тепих и заоблена масичка со декорации на неа.

Ходникот не мора секогаш да биде досаден и празен.

chuvstvuvajte-se-kako-vo-hotel-10-nachini-da-sozdadete-hotelski-ambient-vo-domot-11.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 ситници со кои ќе направите домот да изгледа луксузно, без да потрошите многу пари Извадете ги магнетите од фрижидерот, шарените ретро пешкири заменете ги со едноб...
Ситници во домот кои откриваат дека не е реновиран со години (како да сме кај баба и дедо на гости) Дали мебелот ви е во еден стил и боја, завесите ви се кратки до висина на прозор...
9 детали во уредувањето за кои веројатно ќе зажалите (и зошто) Тепихот пред влезната врата постојано ќе биде извалкан, а истото важи и за стакл...
Еден од најубаво уредените домови во регионот се наоѓа во Србија (фото+видео) „Ентериерот на нашиот дом треба да го носи печатот на нашите души. Тој не треба ...
6 работи во станот во Скопје за кои се каам за изборот откако родив дете Грешка бр. 1 при изборот на стан - до влезот се стига по скали, а нема пристапна...
Работи во домот заради кои гостите ќе ве озборуваат како неуредна личност Исчистете ги влакната од миленичињата, соберете го презреаното овошје. На кои де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg