10 идеи како да го декорирате домот со материјали од природата
Доколку сакате да го освежите вашиот дом, а немате финансии за скапи реновации, тогаш внесувањето на природата во домот е совршеното решение за вас.
Создадете релаксирана атмосфера и подобрете го квалитетот на воздухот со помош на елементи од природата.
Згора на сė, крајниот резултат ќе изгледа прекрасно, а собите ќе добијат нов шарм.
Карпи и камења
Деталите како послужавник од мермер или парче аметист, ќе и дадат карактер на масичката за кафе и таа ќе се претвори во вашето омилено катче за разговор со пријателите или партнерот.
Суво цвеќе
Одлична замена за свежото цвеќе се аранжманите со суво цвеќе. Тоа не бара нега и наводнување, а има природна убавина. Освен тоа, не мора постојано да купувате ново.
Дрвата за огрев претворете го во декорација
Растенијата не се единствениот начин за да внесете елементи од природата во вашиот дом. Дрвото за огрев, исечено на мали парчиња, може да биде одличен материјал за декорирање.
Купете билки
Растенијата ќе дадат убави бои и ќе внесат живост во вашиот дом, а ќе го подобрат и квалитетот на воздухот со испуштање на кислород.
Ползечки растенија
Лесни за одржување и совршени за да додадете боја во монохроматските простории - ползечките растенија се одлична инвестиција.
Фотографии од убави пејзажи
За најдобро да го искористите просторот над каминот (доколку го имате) или пак некој празен дел од ѕидот, прикачете две големи фотографии од некое ваше патување. Внесете природа со кадри од инспиративни дестинации.
Кожни ремени со текстура
Старите ремени употребете ги така што со нив ќе ја обложите даската за потпирање од креветот. Ќе им дадете живот на многу стари ремени, а ќе добиете и уникатен кревет.
Скинете растенија од дворот
Понекогаш за инстант свежина во домот, скинете неколку гранчиња од грмушките од вашиот или од дворот на вашите блиски и аранжирајте пред да пристигнат гостите.
Цветен ефект
Дури и еден или две мачи цветчиња, ќе ја освежат ноќната масичка во вашата спална соба.
Направете уметност од природата
Мовта и дрвјата претворете ги во уметничко дело. Земете дрвена рамка, на неа залепете елементи од природата и сите ќе го вртат погледот по овој детаљ во вашиот дом.
С. С. | Црнобело