10 растенија кои ќе создадат совршена микроклима во вашиот дом
Многу луѓе не се свесни за неверојатните способности кои ги имаат растенијата во подобрувањето на микроклимата во сопствените домови.
Растенијата ја стабилизираат влажноста на воздухот и обезбедуваат кислород.
Придобивките од нивното присуство во домот се исклучително важни за децата и за оние кои страдаат од алергии.
Следниве 10 растенија имаат моќ да ја подобрат микроклимата во вашиот дом:
1. Крин на мирот (Spathiphyllum)
Постои верување дека ова растение ќе донесе среќа и љубов во вашиот дом. Ја намалува и влагата со што ќе се нормализира климата во домот, а исто така ја уништува и мувлата.
2. Кафе
Ова растение носи плодови во петтата или шестата година, па затоа најдобро е да се купи пораснато. Одлично е за апсорпција на вишокот влага и исполнување на воздухот со прекрасен тропски мирис за време на цветањето.
3. Мирта
Претставува симбол на мирот и задоволството. Во минатото се сметало дека ова растение претставува еликсир на младоста. Листовите и цветовите на ова растение ќе ги уништат микроорганизмите во воздухот.
4. Ловор
Ловоровите листови веќе долго време се сметаат за симбол на славата и победата. Ова растение ја апсорбира влагата во воздухот и ја подобрува микроклимата. По сушењето, листовите од ова растение може да се користат при подготовка на храна.
5. Лимон
Лимоновото дрво е прекрасно растение од повеќе аспекти. Во текот на цветањето го исполнува воздухот со прекрасен мирис, а во исто време го апсорбира и вишокот на влага од него. Листовите обезбедуваат голем број на лековити супстанци и го стерилизираат просторот околу него.
6. Чемпрес
Во Јапонија чемпресот се смета за свето дрво. Ова зимзелено растение го освежува домот и ја регулира влагата. Чемпресот дури и ги намалува симптомите на мигрена и главоболка, а за возврат бара сенка и редовно наводнување.
7. Сансеверија
Ова растение го освежува воздухот и произведува голема количина на кислород, а ги неутрализира и штетните гасови создадени од страна на синтетичките материјали.
8. Фикус
Фикусот е најпопуларното домашно растение. Обезбедува влага во воздухот и го исполнува со кислород, а ги неутрализира и токсините и вирусите. Најпозната варијанта е фикусот Бенџамин, именуван по британскиот ботаничар.
9. Цисус
Ова растение е слично на бршленот. Се обвива на било каква површина и расте со листовите свртени кон сончевата светлина. Лесно се прилагодува на сув воздух, кој постепено го обезбедува со влажност.
10. Каланчое
Ова растение потекнува од Мадагаскар. Прилагодливо е на суви средини и ја акумулира влагата од воздухот со помош на листовите. Не бара многу вода, ниту преголема сончева светлина.
М. С. | Црнобело