Потребен ви е дополнителен простор? Искористете ја гaражата
Дали сакате да ја промените вашата гаража од едноставно место каде го паркирате вашиот автомобил во простор кој е спектакуларен како и вашиот дом?
Без грижи, тоа и не е така тешко, доволно е само да ги примените следните неколку чекори и и вашиот простор за складирање ќе блесне со еден посебен сјај.
1. Направете простор за складирање
Гаражата е одлично место за складирање на работи кои најчесто не ви се потребни, но понекогаш е малку тешко да се задржи организираноста на просторот и истиот да остане среден. За среќа, постојат различни системи за складирање кои можат да ви помогнат со неуредената гаража.
Може да се набават различни кабинети, подвижни полици, куки, закачалки или платформи кои се спуштаат од таванот. Ако имате мала гаража, но сепак сакате да ја користите повеќе од само паркинг, можете сами да направите биро кое ќе се преклопува и во кое ќе го складирате алатот.
Друга опција е алатот да биде закачен на ѕид. За „Направи сам“ проектите не ви се потребни големи финансиски средства, а постојат голем број на примери кои ќе ви послужат за пример. Бидете сигурни дека секогаш е големо задоволството откако ќе го завршите ваквиот проект сами.
2. Термичка и звучна изолација
Ако немате уред за греење во вашата гаража, но би сакале да поминувате повеќе време таму додека работите на вашите проекти, додајте термичка изолација и можете да уживате во вашата гаража и за време на студените месеци.
Освен што вашиот престој таму ќе биде попријатен, истовремено ќе заштедите енергија и пари. Дополнително, можете да вградите и звучна изолација во вашата гаража и нема повеќе да се грижете за бучавата која ја прави вашиот алат.
3. Надградба на вратите
Ако сакате да направите преуредување на вашата гаража за да изгледа убаво, тогаш започнете со вратите. Постојат многу различни типови на врати на пазарот денес, а вие може да ја изберете токму онаа која најдобро ќе се вклопува во просторот.
Исто така, постојат решенија со кои преку вашиот мобилен телефон можете да ја контролирате вратата далечински. Овие механизми автоматски ја затвораат вратата откако ќе заминете, а со тоа нема потреба да се грижете да не сте ја заборавиле отворена.
Не ги занемарувајте вратите кои водат во вашиот дом. Ако се многу оштетени тогаш најдобро е да ги замените. Ако имаат само неколку гребнатинки, нов свеж слој на боја ќе заврши работа и повеќе од доволно.
4. Направете лифт
Ако планирате да купувате друг автомобил, но вашата гаража има простор само за еден, тогаш може да инвестирате во лифт на автомобили. Тоа ќе ви овозможи истовремено паркирање на два автомобила на истото место, со удвојување на паркинг просторот.
Освен друг автомобил, овој дополнителен простор може да се користи за складирање на џет-ски, брод или сурферска опрема.
5.Направете го паркирањето полесно и побезбедно
Ако сте уморни од превртените велосипедите и удирањето на вратите од вашиот автомобил во ѕидовите на гаражата, тогаш постои едноставно „направи сам“ решение. Само поставете слој од сунѓер и паркинг браник и вашиот проблем е решен.
С. У. | Црнобело