Кои 3 предмети ви се потребни за гардеробер како на модна блогерка?
Од убави ентериери и добро организирани гардеробери никогаш не ни е доста, особено ако се реалистични и лесно можеме да ги ископираме и во сопствените домови.
Сопственички на такви гардеробери се токму модните блогерки, кои несебично ги споделуваат нивните преубаво средени модни катчиња на социјалните мрежи, обезбедувајќи ни изобилство од инспиративни идеи кога е уредувањето на домот во прашање.
Доколку подетално ги проучите нивните примери, лесно ќе дојдете до заклучок дека стилскиот гардеробер, без оглед на тоа дали се наоѓа во спалната соба или е посебен плакар во кој можете да чекорите, задолжително содржи 3 круцијални нешта: закачалка за облека, мек крзнен тепих и големо огледало кое стои потпрено на ѕидот.
Ако ги прашате трендсетерките ширум светот, ова се трите парчиња кои веднаш ќе ја „живнат“ собата, под претпоставка дека просторот е светол и чист. А, што е најдобро од сè, лесно се достапни, а можете да ги купите по прифатлива цена.
Ви претставуваме неколку креативни предлози за создавање и уредување на ваша мини оаза на стилот во домот. Погледнете ги фотографиите и одберете ја омилената тема!
М. А. | Црнобело