30 одлични идеи за уредување на поткровје
Не постои човек кој барем еднаш во животот не посакал да има свое сопствено катче во поткровје. Aтмосферата која ја нудат таванските простори не може да се почувствува на ниту едно друго место, па се совршен амбиент за креирање на животен простор од соништата.
Но, покрај предностите, животот во поткровје носи и бројни предизвици. Честопати, просторот кој е на располагање е неправилен, таваните се ниски или премногу закосени на повеќе места во станот, а отворениот распоред може да делува празно, или, пак пренатрупано.
Да се пронајде вистинска мера помеѓу функционалноста и стилот што најмногу прилега на вашиот личен вкус е процес кој трае, па од корист е да се инспирирате од идејните решенија на другите, гледајќи која е добитната формула на дизајнерите и останатите сопственици на стан во поткровје.
Без оглед на тоа дали мечтаете за боемско прибежиште со убави текстили и уметнички декор, или, пак за едноставно бело катче со занимливи акценти, 30-те примери кои ви ги претставуваме во продолжение нудат изобилство од теми за сите простории во поткровјето.
Од рустични бањи, скандинавски спални соби, минималистички дневни соби и модерни кујни, фотографиите што следат се инспирација за сечиј вкус.
Погледнете ги нашите креативни предлози и разрешете ја дилемата за тоа како да го уредите својот нов или постоечки дом во поткровје:
М. А. | Црнобело