„Облечете“ го ѕидот за поубав изглед и подобра топлотна изолација со еко материјал
Оваа ѕидна облога е 100% природна и создава визуелно чувство како да сте ги „облекле“ ѕидовите, а позната е како јапонски малтер.
Просторот украсен со овој материјал има атрактивен и естетски изглед, а освен што го разубавува ентериерот, обезбедува и топлотна изолација.
Материјалот е потполно природен и во составот има целулоза, памук и волна. Не само што има одлична покривност, туку може да коригира многу недостатоци и нерамнини на ѕидовите, а воедно да има декоративна улога.
Достапен е во многу бои, а оние покреативните од него може да изведат дури и ѕидни мурали, слики или со помош на шаблони да направат разни фигури.
Ентузијастите можат декоративниот малтер лесно да го нанесат и сами, без професионална помош. Се подготвува едноставно со растворање во вода, а најдобро е да се користи специјален валјак за него.
Освен за ѕидни површини, може да се користи и за други површини, како што се стакло, дрво, керамика, камен, бетон, метал, пвц и др.
Вака изгледаат ѕидовите покриени со ваква облога:
Е. А. | Црнобело