11 работи кои треба да ги знаете пред да изнајмите стан
Изнајмувањето на стан не е воопшто лесно како што изгледа.
Со ова ќе се сложат сите оние кои барем еднаш поминале низ ова искуство.
Секој стан кој ќе го видите има свои предности но и недостатоци, кои често сопствениците успеваат да ги затскријат, па ќе ги забележите дури откако ќе се вселите во станот.
За да го избегнете сето тоа внимавајте на следниве работи:
1. Проверете го бројот на штекери
За да избегнете домот да ви биде пренатрупан со продолжни кабли обрнете внимание на тоа дали има доволен број штекери во секоја соба и дали тие се во исправна состојба.
2. Разговарајте со сопственикот за приклучок кон интернет и кабелска телевизија
Пред да решите да изнајмите стан, прашајте го сопственикот дали веќе има постоечки приклучок за интернет и кабелска телевизија и доколку нема дали ќе сака да склучи таков договор.
3. Проверете дали има мувла низ станот
Мувлата е еден од најголемите проблеми кој може да го имате. Лошиот мирис и непријатниот изглед се сигурно нешто со кое не би сакале да се справувате. Исто така, таа е штетна за здравјето, особено за малите деца.
4. Паркинг
Задолжително прашајте го сопственикот дали со станот добивате паркинг место, а доколку одговорот не е задоволувачки, разгледајте каде би можеле да го оставате автомобилот. Во густо населените делови ова може да биде вистински проблем.
5. Проверете дали функционираат вратите и прозорците
Видете дали сите врати и прозорци се во исправна состојба за да немате дополнителни проблеми и да треба да трошите на нивна поправка.
6. Направете листа на предметите кои ги добивате со станот
Заедно со сопственикот направете листа на сите предмети кои ги добивате со станот и проверете дали истите се во исправна состојба.
7. Проверете дали станот се продава истовремено
Доколку сопствениците на станот планираат да го продадат, можно е за кратко време да ви кажат да го напуштите станот, па да треба одново да поминувате низ процесот на селење и наоѓање стан.
8. Што во случај на некаков дефект на предметите во станот?
Мошне корисно би било доколку во договорот за изнајмување на станот вклучите клаузула во која се наведува кој е одговорен за поправките или дефектите кои ќе се појават во станот.
9. Колку често сопственикот ќе врши проверка на станот
За да го избегнете проблемот да се чувствувате како да сте под постојан надзор, одредете временски интервал кога сопственикот би можел да дојде и да направи проверка дали е сè во ред со станот.
10. Обрнете внимание на чистотата во станот
Доколку станот кој го разгледувате е прилично неуреден и нечист, разговарајте со сопственикот дали има во план да го среди и исчисти пред да се вселите.
11. Погледнете и надвор од прозорецот
Ако не обрнете внимание на ова, откако ќе се вселите ќе видите неонски светла кои ви пречат во сонот, или залепени тераси кои ви го скратуваат погледот. Внимателно разгледајте дали во видикот имате и некои натписи од барови, кафулиња и слични локали кои имаат дозвола за работа до доцна навечер.
М. С. | Црнобело