Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Детски душеци кои се прават брзо, а ќе ве спасат од грижи зимава

Куклите и автомобилите не се единствените играчки кои може да ги развеселат и израдуваат вашите деца.

Detski-duseci-koi-mozete-da-gi-naravite-sami-001.jpg

Понекогаш дури и наједноставните работи, како на пример овој душек, може да бидат одличен начин да ги израдувате вашите деца и воедно да ги натерате да играат на топло.

Тој е одлично место за играње, но и за кратка дремка штом почувствуваат дека играта ги изморила и треба да соберат нова енергија.

Постапката за негова изработка е навистина лесна и едноставна. Сè што треба да направите е да ги следите чекорите...

Потребен материјал:

  • 4 перници
  • чаршаф
  • ножици
  • конец
  • игла

Чекор 1

Земете 4 еднакви перници и поставете ги врз материјал, кој треба да биде двојно подолг од перниците. Не заборавајте да оставите малку дополнителен простор од секоја страна.

Detski-duseci-koi-mozete-da-gi-naravite-sami-02

Чекор 2

Означете ги со креда линиите каде треба да завршува секоја перница. Потоа свиткајте го материјалот, водејќи сметка за дополнителните делови.

Detski-duseci-koi-mozete-da-gi-naravite-sami-03

Чекор 3

Замотајте ги перниците со материјалот така што предниот дел ќе му биде однатре и зашијте го долниот и страничниот дел.

Detski-duseci-koi-mozete-da-gi-naravite-sami-04

Чекор 4

Превртете ја формата која ја добивте и вметнете ги сите 4 перници. На крај, зашијте ги претходно обележаните линии.

Detski-duseci-koi-mozete-da-gi-naravite-sami-05

Ќе добиете удобен и мек душек кој вашите деца ќе го обожаваат. Тој може да се витка на најразлични начини и да послужи како место за игра или попладневна дремка.

Detski-duseci-koi-mozete-da-gi-naravite-sami-06

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хотелот во Париз кој секоја девојка сонува да го посети (фото) Со винтиџ огледала, кристални лустери и камин... Хотел кој ќе ви даде чувство де...
5 совети од експерт како да изберете најсоодветни материјали за уредувањето на домот Ќебиња, завеси, постелнина, перничиња - што сè ви е потребно и како да го направ...
Трендови за уредување кои треба да ги прескокнете во 2025-та, според дизајнери на ентериер Декоративните лајсни се многу поскапи, а не се вклопуваат во дом со модерен енте...
10 работи кои веднаш треба да ги фрлите од дневната соба (залудно ве гушат) Исушени растенија, за кои веќе „нема лек“... Сигурно имате некое вакво дома, за ...
Грешки кои ги правите при избирање осветлување за домот Не е важно само да ставите светилки во домот, туку клучно е да откриете каква св...
7 идеи за уредување мала кујна, инспирирани од Французинките Пастелни бои, минијатурна трпезариска маса и високи шкафчиња – како да ја разуба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg