5 совети како да декорирате како милионер без да потрошите многу

Без разлика дали сте дизајнер на ентериери кој работи со одреден буџет, или сте сопственик на дом со лимитиран капитал, сите се соочуваат со ограничување на парите. 

dekorirajte-kako-milioner-bez-da-potrosite-mnogu-5-soveti-koi-kje-napravat-domot-da-vi-izgleda-kako-od-katalog-001.jpg

Но, ако нѐ прашате нас, секогаш  има нешто возбудливо во тоа. Кога имате граници тоа значи да размислувате креативно, да се туркате себеси надвор од зоната на комфорот и да размислувате и за опции кои вообичаено не би ги зеле во предвид. Затоа, во ваквите мигови доаѓате до најкреативните идеи, а и до интересен мебел.

Која е тајната во уредувањето како милионер без да трошите како нив? Тајната е во деталите:

1. Додадете златни елементи

Сигурно сте го забележале трансформирачкиот ефект кој го има златото врз некоја соба. Ако навистина сакате вашиот дом да изгледа луксузно, додадете златни елементи. Најдобро е преку мали парчиња мебел во металик нијанси, уметнички рамки, декоративни детали како рачки на комода и сл. Но, тие елементи не треба да бидат скапи. Не значи дека ако е злато, дека треба да биде скапо.

Кога станува збор за ваква силна боја, доволно е само малку – затоа не претерувајте. За да го задржите балансот имајте максимум 2 златни парчиња во една соба. Метална масичка и огледало со златна рамка е сосема доволно и прикладно. За да го неутрализирате остатокот од собата додадете винтиџ елементи – старото ќе биде одличен контраст на новото.

2. Најдете винтиџ чергичиња онлајн

Кога би морале да одбереме само едно декор парче кое го дава целиот шмек, тогаш тоа би било скромното чергиче. Тоа има способност да даде кохеренција на собата и да го направи просторот шармантен, а сепак едноставен. Но, вистински предизвик претставува да најдете онакво кое ви одговара на буџетот.

Е, токму затоа постои онлајн шопингот. eBay, AliExpress и сличните страни нудат евтини парчиња, кои ако навистина ги погодите, знаат да бидат и повеќе од убави. Само треба добро да читате коментари, да ги гледате материјалите и да бидете трпеливи. Сепак, забавата се крие во потрагата.

3. Поставете декадентен материјал врз стара маса

Ова е можеби најдобриот совет затоа што за малку пари добивате многу повеќе од она што треба. По цена на едно метро или две, секоја маса може магично да биде претворено во парче посакуван декор.

Откако ќе најдете материјал кој ви се допаѓа, купете минимално парче со кое ќе тестирате дали одговара на вашиот дом пред целосно да го купите. Навистина е интересно како нешто може да ви изгледа совршено, но во реалноста изгледа ужасно. Токму затоа, направете мала проверка.

4. Купувајте оригинални уметнички дела онлајн

Кога бараме инспирација за нашиот дом, честопати се осврнуваме кон познатите личности. Зошто? Затоа што не само што имаат пари за да купуваат работи кои и ние, обичните смртници ги посакуваме, туку тие имаат пристап до најдобрите талентирани уредувачи на домови кои им помагаат. А, едно нешто што ќе го пронајдете во секој дом на позната личност се оригиналните уметнички дела.

Станува збор за голема инвестиција, но која се исплати и која вреди, особено ако делото е од значаен и реномиран уметник. Но, што ако немате доволно пари за да купувате скапи уметнички дела? Тогаш, купувате онлајн. Од Фејсбук до официјални страни, голем број уметници ги продаваат своите дела со помош на интернетот.

5. Внесете зеленило во домот

За разлика од естетската убавина, моќите за исцелување на природата се доволна причина зошто треба да внесете зеленило во домот. Тие додаваат доволно боја во минималистички ентериер, ја развеселуваат монохроматската соба и додаваат длабочина на малите простори. Ако немате пари за скапи растенија, тогаш купете си малечки цвеќиња кои ги има на локалните пазари.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Парче мебел што го има насекаде: Заоблени фотелји и табуретки како крзно на бело мече Фотелји со табуретки за во дневна соба, но и детски фотелји и столчиња за во ход...
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg