10 работи кои прават вашиот дом да изгледа натрупано

6. Разнобојни крпи во бањата

Крпите во бањата се само еден сегмент кој треба да го следи стилот кој сте го избрале за бањата. Ако сте решиле бањата да биде во некоја смирена, земјена нијанса најголемата грешка е изборот на крпи во силни бои како зелена или жолта бидејќи на тој начин ја уништувате создадената хармонија.

10-raboti-koi-pravat-vasit-dom-da-izgleda-natrupano-6.jpg


7. Спортска опрема

Сите знаеме дека справите за вежбање како „Орбитрек“ истовремено имаат уште една многу корисна функција во сечиј дом, тие се одлична закачалка за сите работи кои сте ги облекле од себе и сте немале време да ги средите. Сепак имајте на ум дека самите справи го нарушуваат изгледот на просторот, а за облеката на нив и да не зборуваме.

10-raboti-koi-pravat-vasit-dom-da-izgleda-natrupano-7.jpg


8. Постелнини

Ако во спалната соба акцентот е ставен на деталите, тогаш во никој случај не ви е потребна постелнина со леопард принт. Изборот на едноставна и ненаметлива постелнина секогаш е полн погодок кога е во прашање изгледот на спалната соба.

10-raboti-koi-pravat-vasit-dom-da-izgleda-natrupano-8.jpg


9. Кујнски прибор и зачини

Постојат толку многу креативни решенија токму за овој дел од кујната што сосема е неприфатливо таа да биде натрупана со еден куп теглички со зачини кои повеќе ви го отежнуваат готвењето отколку што ви го олеснуваат.

10-raboti-koi-pravat-vasit-dom-da-izgleda-natrupano-9.jpg


10. Играчки

Сите знаат дека е тешко да се одржува ред во домот посебно кога имате мали деца. Сепак постои решение и за тоа. Опремете ја детската соба со повеќе интересни садови за играчки и преку игра научете ги децата како да бидат поорганизирани и поодговорни така што на крајот од времето за игра секоја играчка треба да заврши во својот сад.

10-raboti-koi-pravat-vasit-dom-da-izgleda-natrupano-10.jpg

М. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

5 модерни идеи за декорирање на домот со кактуси Предноста од декорирањето на домот со кактуси е тоа што тие не бараат многу нега...
Како да ја уредите спалната соба за да се чувствувате покомотно и порелаксирано? Дрвениот под е елегантен и модерен, но ако сакате дополнителна удобност, ставете...
6 трикови во уредувањето со кои ќе го направите домот визуелно поголем Избегнувајте теписи кои го покриваат целиот под, а наместо повеќе мали, на ѕидот...
Грешки при уредувањето заради кои постојано мора да чистите во домот (и залудно трошите време и пари... Наместо голем тепих во домот, подобро е да изберете еден помал килим, а преполне...
„5 работи кои не би ги ставил во мојата дневна соба“ со архитектот Лука Радовиќ „Никогаш не би ставил дома неудобно парче мебел - без разлика дали е дизајнерско...
Како да го трансформирате малиот ходник во пролетна оаза? Свежо цвеќе и детали во весели бои – не ви требаат многу труд и пари за да го тр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg