5 ситници кои ќе ви донесат среќа во домот
Секој посакува среќен дом во кој ќе се чувствува пријатно и удобно и секој посакува топла домашна атмосфера во кој ќе може да ужива со семејството и пријателите.
За тоа не ви е потребно многу. Доволно е да само да се водите по изреката „Малите нешта го прават животот“.
Токму така, потребни се многу мали работи кои може да ви донесат среќа во домот.
Се прашувате што можете да направите?
Еве неколку корисни совети:
1. Свежо цвеќе
Поставете свежо цвеќе на некое видливо место во домот и среќата нема да ве заобиколи. Но, избегнувајте бодликави растенија како што е кактусот.
2. Обоена врата
Вратата потребно е да ја обоите во соодветната боја според тоа каде е поставена. Ако се наоѓа на југ најдобро е да ја обоите во црвена или портокалова боја.
Ако гледа на север, најдобро е да ја обоите во сина или црна боја. За запад најидеални боја се сивата и белата, а за исток зелената или жолтата.
3. Распоред на мебелот
Се верува дека кружно поставениот мебел помага во протокот на енергија во домот. Исто така, креветот од спалната соба кој е сместен дијагонално од вратата дава позитивна енергија во домот.
4. Потковица
Многу култури веруваат дека коњската потковица која со краевите е поставена нагоре и над вратата носи среќа во домот, а онаа која е поставена обратно ја дава среќата на оние кои влегуваат во него.
5. Ловец на соништа
Тој не само што ќе ви донесе среќа, туку и ќе ве заштити од лошите соништа ако го ставите во спалната соба.