Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Катче од домашниот простор со кој ќе се чувствувате како модна блогерка

Секогаш кога размислуваме за уредување на просторот размислуваме на тоа како глобално ќе изгледа ентериерот на целокупниот простор кој го поседуваме.

katche-od-domashniot-prostor-so-koj-kje-se-chuvstvuvate-kako-modna-blogerka-01.jpg

Но, постојат одредени простори од домот кои се само наше катче и кои можеме да ги уредиме по сопствен избор.

Љубители сте на модниот свет? Само еден мал простор ви е доволен и да се почувствувате како модна блогерка.

Доволна ви е само една масичка која е лично ваша и која ќе ви претставува најголема удобност во домот без разлика на тоа дали поседувате само 45m2 или цели 145.

Одлучете се за еден висок послужавник и како за почеток поделете го на два дела. На секој од тие два дела посветете посебно внимание.

Едната страна посветете ја на списанија и таму секогаш поставувајте го омиленото месечно списание.

katche-od-domashniot-prostor-so-koj-kje-se-chuvstvuvate-kako-modna-blogerka-1.jpg

Другата страна може да биде конструирана од повеќе делови. Неа секогаш освежувајте ја со ново цвеќе. Тоа може да се вашите омилени божури или орхидејата која сте ја добиле на подарок.

Таа слободно може да биде поставена на вашите омилени книги кои можете да ги подредите по ранг на омиленост или азбучен ред.

katche-od-domashniot-prostor-so-koj-kje-se-chuvstvuvate-kako-modna-blogerka-2.jpg

Другата половина од тој дел може да биде составена или од уникатни декорации или од неколку свеќи кои ги користите за релаксација.

katche-od-domashniot-prostor-so-koj-kje-se-chuvstvuvate-kako-modna-blogerka-3.jpg

Во секој случај можете да додадете винтиџ детали кои се разликуваат во обликот и боите и кои ќе го надополнуваат изгледот на столот.

katche-od-domashniot-prostor-so-koj-kje-se-chuvstvuvate-kako-modna-blogerka-4.jpg

Се чувствувате како модна блогерка?

Би можело да ве интересира:

Хотелот во Париз кој секоја девојка сонува да го посети (фото) Со винтиџ огледала, кристални лустери и камин... Хотел кој ќе ви даде чувство де...
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
7 грешки што треба да ги избегнувате за домот да ви делува „топло“ во есен Користите само светли бои и имате само еден извор на светлина – кои грешки да ги...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...
Еден детаљ кој ќе ја претвори вашата кујна во луксузно катче Златната боја симболизира богатство и топлина, а во кујната само еден или неколк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg