15 начини летото да го донесете и во вашиот дом
Летниот одмор ви е далеку, а сонцето веќе ви ги буди спомените од лани и сакате да можете за момент да се најдете на некоја плажа, со нозете во песок и некој коктел во рака.
Можеби едвај чекате да дојде викенд за да заминете макар на кратко до некоја блиска дестинација. Но, ако имате малку повеќе простор, летото може да си го внесете и во вашиот дом или двор.
1. Поставете мрежа за одбојка во дворот
2. Плетена лулашка е едно од најважните нешта кои ќе ви дадат чувство како да сте на плажа со палми
3. Внесете некои тропски растенија во домот
4. Покрај патеката во дворот ставете морско сини кристални камчиња кои светат навечер
5. На масичката за кафе ставете свеќи со мирис на кокос за да го почувствувате буквално летото
6. Еден ѕид бојадисајте го со морско сина боја и изгубете се со погледот во него
7. Декорирајте ја масата во дневна или на тераса со морски детали: камчиња, школки, песок, коноп, шишиња за пораки
Уште 8 летни идеи на следната страница...