Фенг шуи совети: Искористете ја црната боја како лек во просторот
Според фенг шуи, црната боја припаѓа на елементот Вода, односно тоа е бојата на Јин од Јин и Јанг комбинацијата, која се карактеризира со женственост и префинетост.
Црната боја е полна со мистериозна фенг шуи енергија, па со нејзиното користење во домот добивате сила, моќ и длабочина во секој простор од домот.
Како да ја користите?
1. Црната боја е темел на секоја декорација. Најдобро е да ја користите за да ги истакнете другите фенг шуи бои, но можете и да додадете некои фенг шуи елементи во црна боја.
2. Избегнувајте да користите црна боја во јужните делови од просторијата, а во умерени количини ставете ја во детската соба, на влезот од домот, во кујната и во трпезаријата.
3. Оваа боја носи стабилност и поголема самодоверба, па затоа поставете ја до ниво на вашите очи или висина. Не ја употребувајте на високи полици, таванот или работи кои не ви се на дофат на очите и рацете.
4. Црната боја, како одличен лек според фенг шуи, искористете ја во северниот дел од домот и таа може да ви привлече многу нови работни можности.